НастаниСите

2 Cellos во Скопје // 06.10.2018 // Вип Арена

6Октомври
ПЛАНЕТАРНАТА МУЗИЧКА СЕНЗАЦИЈА 2 CELLOS КОНЕЧНО СО ГОЛЕМО АРЕНА ШОУ ВО СКОПЈЕ!

Драги пријатели,
Задоволство ни е да ви најавиме дека една од концертно најуспешните светски музички атракции во моментов, дуото 2 CELLOS оваа есен доаѓа во Скопје.
Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум "Score", популарното дуо ќе настапи во Скопје на 06ти октомври годинава, во ВИП Арена.
2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.
Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.
Билетите се во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР 990 денари
ФАН ПИТ 1.500 денари (само 1.000 влезници)
ТРИБИНИ 1.200 денари (блок 1 и 15)
SILVER SEATS 1.500 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)
GOLDEN SEATS 1.990 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)

Одиме понатаму,
Авалон Продукција
 

Компанијата Netflix додаде импресивни 9,33 милиони платени корисници во првиот квартал од 2024 година, значително надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите ...
сите 28 | | | веќе видена

Нашата најголема фармацевтска компанија „Алкалоид“ има навистина убава вест за споделување, а неа ја објави до инвеститорската јавност преку Македонската берза ...
сите 27 | | | веќе видена

Teleperformance, германска компанија и лидер во областа на обезбедување корисничка поддршка и дигитални услуги, продолжува со своето ширење низ Македонија, ...
сите 43 | | | веќе видена

Еуромакс Ресоурцес, компанија сопственик на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудник за бакар „Иловица – Штука“ денеска на прес конференција издаде ...
сите 16 | | | веќе видена

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи