Мис-Х


  • Адреса: Крижевска 34
  • Место: Кочани
  • Оддалеченст: ≈7922 км

  • Телефон 2: 033 270141
  • Факс: 033270141
  • Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 16:30



Фото и видео галерија

Ние сме компанија за Производство на Електрични Цевни Грејачи, лоцирани во Кочани, и сме единствена Фабрика во Македонија од ваков тип што имаме целосен и заокружен процес на производство на електрични грејачи.
Располагаме со најквалитетна опрема за производство на електрични цевасти грејачи од светски познатиот Шведски производител - КАНТАЛ, со годишен капацитет за производство од преку 220.000 парчиња.

Ваквата опрема комбинирана со нашиот високостручен кадар и огромните 25 години искуство во ова поле на работа придонесоа да нашите производи се одликуваат со врвен квалитет, во согласност со нашето главно мото двигател на нашиот развој:



- КВАЛИТЕТ И КОНКУРЕНТНОСТ

Произведуваме цевни грејачи, патронски грејачи, појасни грејачи, керамички грејачи, галвански грејачи и други пратечки грејни елементи,
Цевните Грејачи ги изработуваме од висококвалитетни иноксни цевки, со две варијанти на финален пречник на грејач кој може да биде Ф6,5мм, и Ф8,5мм., а должината на грејачот во развиена форма може да се движи од 100мм. до 5000мм., а потоа обликувани во најразновидни илјадници форми и типови на грејачи.

Како асортиман на грејачи огромна е листата на производи од нашето производство што се употребуваат во најразлични средини - медиуми на работа: (воздух, вода, масла, киселини, разни флуиди и други), но главно би ги ставиле во три категории:
- Грејачи за домакинство и широка потрошувачка
- Грејачи за Угостителска опрема и Пекарство
- Грејачи за Индустрија и Специјална намена


Нашиот приоритет е да нашиот купувач во најкраток можен рок добие најквалитетно решение по мерка, што значи дека нашето производство е флексибилно и ориентирано кон сите стандардни, а истовремено и кон сите спечифични барања на потрошувачите . Доволно е да ни доставите цртеж, примерок (мустра), или ваша замисла (идеја), за она што ви е потребно и нашиот стручен тим ке изработи соодветен готов производ, најдобар за вашите потреби.
За се што ви е потребно од било какви електрични грејачи, слободно контактирајте не, со задоволство ви стоиме на располагање.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи