Metamediko

ParkingQasje në InternetWi-Fi ZonëAir-kondicioner


  • Orari i punës: Ha - Pr nga 09:00 deri më 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1573653237_18.png?t=true&w=300&h=300


МетаМедико се занимава со давање обединети сервисни услуги од областа на застапувањето на странски фармацевтски компании, медицински маркетинг и промоција, регистрација на лекови и внесување на пазарот, како и со медицински активности од делокругот на работењето на фармацевтските компании според највисоките етички стандарди и социјална одговорност. Со тоа им помагаме на нашите клиенти да ја изградат и да ја зголемат вредноста на нивната деловна активност – реноме на сопствениот бренд, создавање приход и континуирано растење на профитот.

МетаМедико е формирана според постојната законска регулатива на 15 февруари 2005 година како Друштво со ограничена одговорност (ДОО), а набрзо потоа се трансформира во ДООЕЛ со основна дејност: Советување во врска со работењето и другото управување. Формирана е од еден лекар со долгогодишно искуство во областа на управувањето, медицинскиот маркетинг, фармацевтската регулатива и клиничките испитувања. Основана врз база на индивидуалниот карактер, способноста и искуството на сопственикот, во МетаМедико доминира тимскиот дух каде што секој инволвиран во деловните активности дава свој индивидуален придонес базиран на стручноста, способностите и креативноста што ги носи со себе.

Во работната атмосфера доминираат отворената комуникација, поддршката, соработката, континуираното збогатување на знаењето и способностите, сè со цел да се остварат поставените цели на ефикасен и етички начин.

„Развиваме иновативни сервисни, комуникациски и продажни програми, координација на настани и даваме нова вредност во односите со клиентите.“

Постојано ориентирани кон грижата за клиентите

Како компанија што дава интегриран сервис на нашите клиенти, пред сè обезбедуваме интелектуална сила, стратешко планирање и критичко размислување. Фармацевтската индустрија е висококомпетитивна, брзорастечка и во континуиран развој, што само по себе налага развој на нови продукти и изнаоѓање нови приоди во информацијата и едукацијата на здравствените работници и на пациентите. За таа цел развиваме иновативни сервисни, комуникациски и продажни програми, координација на настани и даваме нова вредност во односите со клиентите.

Кога клиентот ќе побара соработка со нас во врска со некој деловен предизвик, ние тоа го прифаќаме како шанса за решавање на проблемот на крајниот корисник. Со над 28 години континуирано успешна кариера во фармацевтската индустрија сакаме стекнатото искуство да го употребиме во трансформација на деловното пријателство во долгорочно партнерство.
На клиентите им обезбедуваме постигнување на маркетиншки и продажни цели со одговорен професионален и етички пристап, отвореност, чесност и искреност.

Услуги

„НАШИТЕ КЛИЕНТИ СЕ ПОСТОЈАНО ВКЛУЧЕНИ ВО СЕВКУПНИОТ ПРОЦЕС НА РАБОТЕЊЕТО“

Медицински маркетинг и промоција
Застапување
Регулатива
më shumë
Mapa

Hyni në Librin e Artë

Emri i përdoruesitFjalëkalim



Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj