Капитал медиа гроуп


  • Адреса: бул.Партизански Одреди 17-1/16
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7424 км




Фото и видео галерија

Само идејата е капитал, се друго е пари... 

Капитал Медиа Гроуп е формирана во септември 1999, како издавач на магазинот Капитал, а од март 2010 стана издавач и на дневниот весник Капитал. И двете изданија се релевантен извор на информации за донесување на успешни одлуки за македонската бизнис заедница.

Во Март 2011 беше лансирана нова веб страна www.kapital.mk како платформа на сите изданија на Капитал Медиа Гроуп.

Периодични производи на неделникот се специјалните прилози, каде што се отстапува поголем простор на корисни и практични теми, темелни и аналитични информации за сите актуелности, како што се кредитните картички, штедењето, осигурителниот бизнис, телекомуникациите, брендови, корпоративна општествена одговорност, мал бизнис, мој дом, патување, медицина и фармација, транспорт и логистика, маркетинг и други области. 

Како врв на истражувачките анализи и континуирано следење на најзначајните економски сектори во државата, се специјалните едиции “Топ 200 најголеми и најуспешни компании” и “Топ 100 извозници”.

“Банките и бизнисот”, е месечен прилог, кој прв пат беше издаден на 24.11.2011, а кој си зададе мисија да ја разработува врската меѓу банките и реалниот сектор – компаниите! Ја анализира позицијата на банките во однос на развојот на економијата. Банкарските предизвици на патот кон остварувањето на целите на секоја економска политика - отворањето нови работни места преку магичната тема, Инвестициите. 

“Банките и бизнисот”, е наменет за делот од деловната заедница во кој поединците  размислуваат за иднината на своите компании. За нови инвестиции, како и за перспективите на своите сегашни инвестиции. За оној дел од македонската деловна заедница кој размислува за паричните текови во својата компанија…

Во последните дванаесет години КМГ беше организатор и поддржувач на голем број конференции, тркалезни маси и форуми. Во Септември 2011 КМГ го стартуваше својот проект - Капитал Академија. Проектот е фокусиран на организирање на големи деловни конференции, бизнис - форуми, обуки и работилници за поголемо знаење.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи