Хотел Гогов

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаРаботиме 7 дена во неделатаРаботиме нон-стопКлиматизираноДопуштено за децаФен во собаФитнес центарСпа центар

  • Адреса: Борис Кидрич 1
  • Место: Пехчево
  • Оддалеченст: ≈7537 км

  • Телефон 2: 078 416940
  • Работно време: Пон - Нед од 00:00 до 00:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1467116095_16.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Хотел Гогов е првиот хотел кој се наоѓа во центарот на градот Пехчево, во Малешевскиот предел на РМ. Ексклузивно сместување, достапно за секого, кое ќе понуди многу содржини за своите гости, како СПА центар, фитнес центар, прекрасна тераса, ресторан, и многу други услуги.

Хотел Гогов располага со 11 двокреветни соби, 4 апартмани, ексклузивен апартман, 5 сместувачки аранжмани за спортски подготовки и семинарски туризам. Вкупниот капацитет на Хотел Гогов е за 50 гости. Сите соби се модерно опремени, и ги вклучуваат следните додатоци: кабловска телевизија, интернет (WiFi), мини-бар, фен, тераса. На располагање на Хотел Гогов има паркинг, бесплатен за гостите. На услуга на гостите во Хотел Гогов се и просториите специјализирани за масажи, третмани на лице и тело, предводени од стручен тим.

Ресторанот на Хотел Гогов, со капацитет за 70 гости, располага со голем број разновидни јадења, подготвени на традиционален начин, типичен за Малешевското поднебје. Летната тераса на Хотел Гогов располага со капацитет за 120 гости, во атмосфера погодна за семеен и деловен ручек или вечера, како и организација на различен тип свечености и прослави на отворено.

Хотел Гогов, исто така, располага со конференциска сала со капацитет од 50 седишта, погодна за семинарски туризам, како и за организација на различен тип настани.

Уживањето сега има ново име.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи