Хармонија

ПаркингРаботиме нон-стопКлиматизираноДостапно за хендикепирани лица

  • Адреса: Славе Деловски 18
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7426 км

  • Телефон 2: 078 316663
  • Работно време: Пон - Нед од 00:00 до 00:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1508227714_55.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Приватната установа за Социјална заштита на стари и изнемоштени лица - Хармонија е основана во во месец Декември 2017 година и располага со 31 легло поточно може да згрижи 31 старо лице. Уживањето во чистиот воздух, зеленилото од падините на планината Водно во населбата Пржино, како и близината до центарот на град Скопје на само 3 километри го прави ПУСЗ – Хармонија одличен избор за квалитетен и достоинствен живот на постарата популација.

Згрижувањето на стари и изнемоштени лица е според принципот на хотелско-холистички пристап чија примарна дејност е згрижување, здравствена заштита, сеопфатна нега и социјална заштита на стари и изнемоштени лица.

Услуги:
• Исхрана и хранење на пациенти кои не се во можност самите да го прават тоа.
• Грижа и нега за пациенти кои не се во состојба самите тоа да го прават како резултат на одредено хронично заболување или пак пациенти кои се во терминална фаза преку поддршка при облекување, соблекување.
• Поддршка при одржување на елементарната хигиена и сл.
• Одржување на хигиената во собите и апартманите на пациентите и хигиената во целиот објект како и хигиената на алиштата на пациентите за кои постои и перална,
• Обезбедување на фризерско – берберски услуги за старите лица.
• Обезбедување на здравствена заштита за старите лица.
• Психосоцијални и културно забавни активности за старите лица.
• Обезбедување на пристап до информации за остварување на правата од доменот на социјална заштита за старите лица како и нивните семејства (парична помош, еднократна парична помош, помош во натура, надоместок за помош и нега од друго лице, плаќање и партиципација за извршен здравствен преглед или пак медикаментозна терапија која не е на терет на ФЗО и сл.)
• Како и други услуги зависно од потребите, способностите и барањата на старото лице.

Грижата за старите лица во ПУСЗ – Хармонија ја обезбедуваат: Медицински сестри задолжени за здравствената заштита на старите лица и ординирање на медикаментозна терапија, секојдневно следење на крвниот притисок, мерење на шеќер и ординирање на инсулин. Покрај тоа здравствената заштита во ПУСЗ – Хармонија опфаќа и организирање на прегледи при матичен лекар како и контролни специјалистички прегледи доколку има потреба од нив, транспорт до установите за јавно здравство, посета на матичен лекар кој соработува со ПУСЗ – Хармонија како и посета на специјалисти од областа на секундарна и терциерна здравствена заштита доколку има потреба од нив. Физиотерапевт задолжен за активни и пасивни вежби со старите лица, масажи, обука при потреба од користење на ортопедски помагала, кинезитерапија (кај пациенти со мозочен удар, параплегии, квазиплегии и други заболувања) како и останати ортопедски заболувања (фрактури, атрофирана мускулатура, мускулни спазми и сл.), Геронтодомакинки - негуватели задолжени за: елемнтарната хигиена кај пациентите кои не се во можност истата да ја обавуваат, нега и грижа за хигиената на собите и грижа за алиштата на старите лица (перење, пеглање и распределба на истите), исхрана и хранење на стари лица кои не се во можност сами тоа да прават, Социјален работник задолжен за остварување на правата од доменот на социјална заштита, социјализација на старите лица преку креативни работилници, сликарски работилници, организирање на настани во установата и надвор од неа, задоволување на културни и верски потреби на старите лица, друштвени игри и сл. Готвачи – ПУСЗ – Хармонија располага со сопствена кујна и храната во ПУСЗ – Хармонија е ссогласно принципите на ХАСАП системот за квалитет на храната – се приготвува секојдневно и се прилагодува согласно здраствените потреби и барања на старите лица згрижени во ПУСЗ – Хармонија како и Санитарен техничар задолжен за општата хигиена во селовкупниот простор во ПУСЗ – Хармонија.

Програма за згрижување и нега на стари лица кои можат да се грижат за себе, односно корисници кои имаат одреден степен на независност и Геријатриска програма, каде се сместени лица на кои им е потребна целосна нега и грижа. Тие имаат потреба од секојдневна помош при хранење, одржувањето на лична хигиена. Во оваа категорија се сместени лица со деменции, мозочни и срцеви удари, стари лица со потешки или хронични заболувања.

повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи