Хантерс Лајф дом за стари лица

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаРаботиме 7 дена во неделатаРаботиме нон-стопКлиматизираноХотел со 5 ѕвезди

  • Адреса: с.Катланово
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈8173 км
  • Локација: Катланово

  • Телефон 2: 070 317312
  • Работно време: Пон - Нед од 00:00 до 00:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1649936315_98.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

HANTERS LIFE- ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА.
Нашата мисија е да обезбедиме топол и пријатен дом за Вас и да се посветиме на Вашето здравје, задоволство и долговечност.

Hanters Life ресорт - дом за стари лица, e сместен во непосредна близина на Катланово(викенд населба) на само 20 минути од ценатрот на Скопје, со дворна површина од 75.000 м2 со што претставува најголем дом за стари лица во Македонија. Тој претставува уникатен и единствен комплекс кој е адаптиран во согласност со највисоките европски стандарди за сместување, грижа и нега на постари лица.

Домот се состои од модерни и високо луксузни апартмански живеалишта. Секој апартман има површина од 40 м2, и е концeпиран со одделен дневен престој, со сопствена чајна кујна, луксузна бања и посебна соба за спиење со две легла.
Секој апартман е опремен со нови софи и фотељи, трпезариска маса и столчиња, ЛЕД телевизор, системи за безбедност и дојава и безжичен интернет. Апартманите имаат сопствен систем за греење, и највисоки стандарди за топлинска и звучна изолација, што е една од разликите од останатите старечки домови.

Она што целосно не разликува како приватен дом за стари лица, е функционирањето на високо луксузен центар за здравје, во кој нашите станари имаат:

- 24 часовна грижа и нега од негуватели;
- Грижа и следење на здравствената состојба на корисниците од страна на медицински сестри,како и грижа за навремено давање на пропишаната терапија ;
- Обезбедена храна со доручек-ручек-вечера и две ужини,со достава до апартманите на корисниците;
- Физиотерапевтски услуги
- Перална за облеката на корисниците;
- Помош во остварување на правата од социјална заштита од страна на социјален работник;
- Можност за избор на матичен доктор, од поликлиника со која имаме воспоставено соработка.

Воедно, за зголемена здравствена заштита на корисниците и олеснување на можноста за користење специјалистички здравствени услуги, Хантерс Лајф има соработка со специјалист психијатар, специјалист по стоматологија,како и матичен гинеколог за нашите кориснички.
Ве покануваме да не посетите и да прошетате низ нашиот прекрасен комплекс за стари лица и да го искусите карактерот и шармот на нашиот дом и да се запознаете се нашиот персонал и услуги кои ги нудиме.


повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи