Gulf Oil


  • Adresa: Bul.8 Shtatori 20/I-DP1 (Revolucioni i Tetorit)
  • Vendi: Shkup
  • Distanca: ≈9441 км


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1577695585_32.jpg?t=true&w=300&h=300


Foto dhe video galeri

ГЛОБАЛНАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА СО БЕНЗИНСКИ СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Gulf Oil постои повеќе од 100 години и е бренд кој е глобално етаблиран, присутен во повеќе од 100 земји на сите континенти на земјината топка и ја има довербата на милиони клиенти низ светот. Првата бензинска пумпа е отворена во Питсбург во САД во 1913 година и оттогаш Gulf станува лидер во малопродажба на гориво.

Благодарение на пионерскиот дух, компанијата почнува да се развива на други локации, брендирајќи ги со карактеристичен портокалов диск што сè уште претставува дел од логото на Gulf и доставувајќи врвно гориво и масла. Портокаловиот диск на Gulf сега е познат во целиот свет и е синоним за производи со висок квалитет, иновации и техничка извонредност.

По три годишното истражување за влез во нашата земја, Gulf Oil кон крајот на 2017 година ја отвара првата бензинска пумпа во Македонија, на булеварот Борис Трајковски во Скопје. Во наредниот период се отвораат бензински пумпи во Тетово, на автопатот Тетово-Гостивар, на Е-75 во близина на Неготино, во Струга и во Гевгелија веднаш по влезот во државата.

Gulf Oil во Македонија располага со над 16.000 м3 складишен простор за складирање на нафта и нафтени деривати, поделени во Скопје, Тетово и Гевгелија. Oвој простор овозможува сите клиенти да ги добијат своите нарачки во најкраток можен рок, каде и да се наоѓаат. Модерниот транспортен центар на Gulf со капацитет од над 5 милиони литри носивост во секој момент, составен од големи и мали цистерни, се секогаш подготвени за испорака на високо-квалитетното гориво на Gulf до крајните купувачи или до складишните резервоари на нашите клиенти. Снабдуваме повеќе од 100 приватни бензински пумпи во Македонија со нашите горива, а над 1500 компании се наши клиенти кои ги трошат горивата на Gulf во своето секојдневно работење.

Стратегијата на Gulf е да продолжи да се развива како компанија со продажба на нафта и нафтени деривати во земјата и регионот. Нашата цел е да го подигнеме стандардот за квалитетна нафта во Македонија и нашите потрошувачи да бидат задоволни со горивото кое го користат.
më shumë
Mapa

Hyni në Librin e Artë

Emri i përdoruesitFjalëkalim



Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj