Што да јадете пред и по вежбање?

Кога станува збор за вежбање една од најважните работи е да имате енергија за тоа. Јадење многу брзо пред вежбање не е воопшто пријатно, а од друга страна никако не смеете да вежбате гладни.

Вежбањето со дефицит на вода во вашиот организам никогаш не е добра идеа. Бидете добро хидрирани пред, за време и по вежбањето. Вашето тело има потреба од вода за да може да ги процесира калориите. Дури и мала дехидрација може да го успори вашиот метаболизам.

2 до 3 часа пред вежбање

Доколку планирате да јадете неколку часа пред вежбање најдобро е да внесете микс од јаглехидрати, протеини и маснотии во ранг од 300 до 400 калории. Комбинацијата на зеленчук, чисто месо, јаглехидрати од цело зрно со малку овошје или јогурт е идеална. Избегнувајте зрнеста храна (леќа, грав) или брокула бидејќи може да ви предизвика надуеност во стомакот. 

 

 

 

1 до 2 часа пред вежбање

Ако планирате да јадете 1-2 часа пред вежбање, јаглехидратите треба да се главен фокус на вашиот оброк (до 50гр.) и само малку протеин во комбинација со нив. Најдобра комбинација се житарките со млеко со ниска масленост. Ако имате само 1-2 часа пред вежбање држете го оброкот под 200 калории. Оваа комбинација на јаглехидрати и протеини ќе ве засити и ќе го намали воспалението на мускулите.  

 

 

 

15 до 30 минути пред вежбање

Ако имате само 15 до 30 минути пред вежбање одберете едноставна закуска која ќе се свари лесно. Одличен избор е една шака суво грозје, банана или неколку солени крекери. 

 

 

 

По вежбање

30 минути по завршување на вежбањето подгответе оброк кој е микс од јаглехидрати и протеини. Тоа ќе го намали воспалението на мускулите и ќе му даде енергија на вашиот организам чиј што метаболизам е забрзан благодарение на вежбањето. Чоколадното млеко и јогуртот се одличен избор (додадете во нив и еден енергетски бар ако сте вежбале поинтензивно), како и козјото сирење, бананата и ананасот. 

 

 

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи