Фор Лејди

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Даме Груев 5
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7425 км
  • Локација: спроти министерство за финансии

  • Телефон 2: 078 355033
  • Факс: 02 2782365
  • Работно време: Пон - Саб од 09:00 до 19:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1604046925_73.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Спротивно од популарните верувања, историјата на чорапите, како составен дел од гардеробата, датира уште од античките времиња. Низ годините, со постепеното подобрување на материјалите и производствените технолгии, светот на чорапите е доведен до совршенство во многу форми, бои, нијанси и дизајни.

Денес, хулахопките и чорапите не се само едноставни додатоци во секојдневното облекување, туку претставуваат модерни и уникатни парчиња во состав на облеката кои постојано ги следат сите модни трендови.

Продуктите на Фор Лејди ги прават нозете на секоја дама вистински протагонист, бидејќи можете да ја видите, почувствувате и допрете разликата!

Уште од времето кога човекот почнал да го покрива своето тело со облека, тој почнал да ги покрива и нозете! “Модерните” чорапи и хулахопки датираат од почетокот на Среден Век, заедно со почетоците на обработка на свила. Најпрво, тие биле изработени за мажи, но кратко потоа им било дозволено на жените да ги носат и со тоа овие додатоци станале симбол на луксуз.

Со откривањето на најлонот во 1938 во лабораториите на Ду Понт во САД отворена е нова димензија во оваа индустрија, давајќи им на чорапите и хулахопките извонредна еластичност, флексибилност и издржливост.

Подоцна, новите технологии во 50-тите го овозможуваат производството на првите провидни хулахопки, кои понатаму се унапредуваат со употребата на ликра која ги прави уште попрецизни и поиздржливи, зголемувајќи го својот состав и естетски изглед.

Хулахопките го достигнуваат својот пик во 1965 година, кога мини-здолништето покрена револуција и ја освои модната индустрија и општеството. Најголемите филмски и модно познати личности ги осветија хулахопките како оружје за заведување.

ЗА НАС

Фор Лејди ДООЕЛ – компанија која започна со работа во 1995 година во Скопје со основна дејност производство на женски и детски хулхопки за продажба и извоз на поголеми и помали количини, во и надвор од Македонија. Во првите години од своето постоење Фор Лејди ДООЕЛ беше препознатлив по своите основни брендови Саманта, Луција и Сања на пазарот, за сега да прерасне во бренд кој препознава над 50 активни производи со своите варијанти на бои и броеви. Низ годините иновативноста, иксуството, вложувањето во опрема, унапредувањето на производствените процеси со посовремена технологија ни помогнаа да развиеме повеќе брендови и модели на производи кој се основата за секојдневниот совршен изглед на секоја жена. Континуирано работиме на усовршување на производството и производите по потреба на купувачите, трендовите и новите технологии. Нашите производи се пласирани најмногу на домашниот пазар, а како извозни пазари распространети се низ целиот Балкански регион. Долгогодишното искуство ветува доверба за изработка и испорака на материјали во одличен временски рок. Нашата цел е производство и пласман на што поширок спектар на Македонски производи, препознатливи по оргинален и уникатен модел на изработка кој воедно ќе биде вистинскиот избор на секоја современа девојка и жена.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи