Флуид проект

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: бул.Србија 9
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈10688 км
  • Локација: 100 метри од Мотоцентар

  • Телефон 2: 02 3212767
  • Факс: 02 3212767
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1433764280_4.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Флуид Проект ДОО е компанија во приватна сопственост, која е единствена во областа на третманот на вода за пиење и отпадна вода, заштитата на човековата околина и подводните истражувања.

• Еколошки третман на вода - Проектирање, консалтинг и инженеринг
- Вода за пиење и отпадна вода
- Вода за фармацевтски и медицински потреби (GMP сертификат)
- Филтрирање
- Омекнување на водата
- Деферизација и деманганизација
- Деминерализација
- УВ стерилизација
- Хлорирање и озонирање
- GMP сертификација
- Пречистување на отпадни води
- Базени и базенска опрема
- Филтри за домашна употреба

• Проектирање и изведба на објекти од посебен интерес
- Спортски и рекреативни базени
- Фонтани

• Автоматско управување и контрола на процесите
• Одржување и сервисирање на опремата и објектите
• Заштита на човековата околина и подводни истражувања и активности

Компанијата е формирана 1992 год., а нејзините пионерски чекори во истражувачките и развојни активности, во овие области, датираат од 1983 год. Флуид Проект е специјализирана за проектирање и оптимизација на процеси, технологии и опрема за третман на вода. Таа е посветена на процесите за изнаоѓање и реализација на решенија кои ја воспоставуваат рамнотежата меѓу интересите на нашите клиенти и заштитата на животната средина.

Флуид Проект проектира и изведува објекти за третман на отпадна вода од комунални објекти, кланици и месна индустрија, индустрија за кожа, млечна индустрија, индустрија за масло, хемиска индустрија и др. Спортските и рекреативните базени и фонтани и за нив неопходната опрема, како и нивно одржување, се дел од услугите и производите на Флуид Проект, компанија со богато искуство од стотина базени изведени во Македонија и надвор од неа, со склучени договори за одржување и хемиско третирање на истите. Зад широкиот спектар на услуги и производи стои професионален тим кој ви стои на располагање на вашите барања и потреби.

Производи:
• АТЛАС ФИЛТРИ ЗА ВОДА
• ЈОНСКИ ОМЕКНУВАЧ
• ФИЛТЕР ПИКОЛО
• УВ СТЕРИЛИЗАТОР
• РЕВЕРЗНА ОСМОЗА
• ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДНИ ВОДИ
• БАЗЕНИ, ФОНТАНИ И ОПРЕМА

Флуид Проект е носител на активноста во повеќе еколошки студии и проекти од областа на заштита на животната средина, истражувања на водните ресурси и заштита на подводни археолошки и природни реткости.
повеќе
Цена со ДДВ:160 ден.

Алгицид

Цена со ДДВ:140 ден.

pH Минус

Цена со ДДВ:2.030 ден.

Црево за подочистачка


Видете ги нашите производи на
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи