Феникс домови за стари лица Феникс Гарден

ПаркингWi-Fi ЗонаРаботиме нон-стопКлиматизираноДостапно за хендикепирани лица

  • Адреса: Благоја Гојан 24
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7853 км

  • Работно време: Пон - Нед од 00:00 до 00:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1550483126_37.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Геромедикал Феникс е приватна установа која нуди топол дом за лицата од третото добо, чија основна дејност е сместување на возрасни лица нудејќи им сеопфатна нега и соодветни услови за живот. Установата е основана во ноември, 2010 година.

Основна цел на ПУСЗ Геромедикал Феникс е постојана грижа, нега и сместување на возрасни и стари лица. Нудиме топол дом, сеопфатна нега, обезбедуваме удобни, домашни соодветни услови за живот на корисниците на социјална заштита, сето тоа под будното око на нашиот лекарски тим. Се грижиме за соодветно активно стареење како и достоинствено и квалитетно живеење на старите и возрасните лица.

Објектот е лоциран на само 15 минути од центарот на градот, се наоѓа во Волково општина Ѓорче Петров во пријатна и мирна средина, опкружен со борова шума. Располага со капацитет од 40 места, со голем двор хорти – културно уреден. Установата располага со посебна просторија за дружење и за слободни активности, со стандардни и апартмански соби кои што се опремени со сопствено греење, системи за разладување, ТВ плазма, гардеробер. Исто така располага и со сопствена кујна.

• Специјалност
Установата за социјална заштита е специјализирана за комплетна нега за корисници со деменција, алцхајмерова болест и др. ментални нарушувања. Исто така установата згрижува и активни здрави возрасни и стари лица. За нив се грижи специјално едуциран тим составен од Доктор по општа медиција, Доктор специјалист – психијатар, социјален работник, медицински сестри и негувателки .

• Медицинска нега и услуги
За корисниците на социјална заштита се грижи специјално едуциран тим кои им обезбедува целосна медицинска нега од страна на ДОКТОР ПО ОПШТА МЕДИЦИНА и ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ – ПСИХИЈАТАР кој што се грижат за корисниците 24/7 . Обезбедуваме и прегледи во Институциите на системот за јавно здравство, како и контрола на комплетна крвна слика и урина. Установата исто така располага со мала аптека, обезбедува услуги за набавка на дополнителни лекови, пелени за возрасни и ортопедски помагала, како и поддршка во остварување на правото на туѓа нега и мобилност.

• Исхрана
Самата установа располага со кујна во која се подготвуваат секојдневно свежи и топли оброци. Секогаш оброците се подготвуваат и усогласуваат според здравствената состојба на самите корисници. Исхраната на дневно ниво се состои од три главни оброци на растојание од пет часа, како и две ужинки помеѓу оброците.

• Социјални активности
Во установата посебен акцент се става на социјализацијата на сместените корисници. За тоа се грижи посебно стручно лице – социјален работник. Активностите се изведуваат секојдневно. Се спроведуваат индивидуални и групни социјални активности во зависност од здравствената состојба, расположението и желбите на корисниците. Самите социјални активности допринесуваат исполнетост на денот и овозможуваат активно стареење. Во однос на социјалните активности, работата на социјалниот работник во кратки црти вклучува социјално – културни активности, спортско - рекреативни активности, литературно – драмски активности, ликовни активности, мемориски и математички вежби, друштвени игри, организирање на роденденски прослави итн.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи