Евротим

  • Адреса: бул.Јане Сандански 113
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7428 км
  • Локација: Рударски институт

Фото и видео галерија

Историјата на ЕвроТим

Нашата приказна започнува во 1992 година кога за прв пат ЕВРО-ТИМ се појавува како компанија на медицинскиот пазар во Македонија. Со голем ентузијазам се откриваа медицинските достигнувања. Следејќи ги нив ги откривавме водечките компании од најразлични области на медицината и фармацијата. Од почетокот нé водеше идејата да презентираме и пласираме опрема и производи од врвен квалитет. Тоа успешно го остваруваме и реализираме до денешен ден. И секако и во иднина ќе ни биде наш правец кон успехот. Почетниот успех нé поттикна да ги прошириме нашите услуги и на соседните територии на Албанија и Косово, каде во последниве 10 години имаме цврста и успешна соработка со јавните и приватни здравствени установи. Нашиот тим се состои од мотивирани и посветени стручни лица од областа на медицината и економијата.

Во нашето работење се одликуваме со посветеност, искуство, професионалност и загарантиран успех кај нашите клиенти.

Услугите кои ги нудиме:

Комплетни хоспитални и фармацевски решенија.
Проектирање и стручна помош при осмислување на здравствени институции и изведба на здравствени објекти по пат - клуч на рака, од проект до изведба.

ЕВРО-ТИМ е истовремено авторизиран застапник на компаниите на GETINGE GROUP односно на MAQUET GmbH - Германија, MAQUET SA - Франција, MAQUET Critical Care - Шведска и ARJO - Англија.

Медицинскa, фармацевска и лабораториска опрема од врвниот Шведски бренд GETINGE AB, кој е број еден во светот за опрема за стерилизација и дезинфекција.

Oпрема за аудиометрија - тимпанометрија, ЕКГ апарати, CTG апарати, дефибрилатори, AED…

Болнички мебел, кревети за интензивна нега, терапевтски душеци, системи за подигнување на пациенти...

Медицински потрошни материјали за болнички одделенија, операциони сали, интензивна нега, амбуланти, материјали за стерилизација, хируршки конци, хируршки мрежи за хернија, хируршки инструменти, детергенти за дезинфекција на инструменти и површини, преврзочен материјал...

Визија
Се за пациентите и стручните тимови од лекари, фармацевти, лабораториски стручњаци, лаборанти, медицински сестри и техничари и друг медицински персонал.

Да се биде водечка компанија на медицинскиот, фармацевскиот и лаборатрискиот пазар која им нуди на своите клиенти висококвалитетни и уникатни медицински решенија и производи. Клиентите можат да се потпрат на нас во било кое време кога станува збор за правилно користење и сервисирање на медицинска опрема. За нашата успешност говори и нашата безвремена посветеност кон обука и развој на стручни лица, како и темелно разбирање на барањата на нашите клиенти.

повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка

Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи