Елена Чикос


  • Адреса: Владимир Комаров 6-2/3
  • Место: Скопје


    /sites/zk/docs/trans{mk}logo_1722335869_75.jpg?t=true&w=300&h=300
    Елена Чикос – системски семеен психотерапевт

    Психотерапијата е простор во кој човек може да застане, да се слушне себеси и да добие поддршка во моменти кога животот, односите или внатрешните состојби стануваат предизвик. Барањето помош не е знак на слабост, туку храбар чекор кон разбирање, промена и поголема грижа за себе.

    За мене

    Јас сум Елена Чикос, системски семеен психотерапевт. Во работата со поединци, парови и семејства користам системски пристап во комбинација со арт техники и пристап насочен кон клиентот. Како социјален работник во Центарот за социјална работа на Град Скопје, повеќе од 15 години работам со поединци и семејства, пружајќи психосоцијална поддршка преку советување, оснажување и градење позитивни релации со клиентите.

    Професионалното искуство го продлабочувам преку работа со парови кои поминуваат низ развод, постразводни семејства, жртви од семејно насилство и малолетници со деликвентно однесување. Активно соработувам и со здруженија на граѓани, каде го градам моето искуство и сензибилитет во работењето со млади и ЛГБТИ+ лица.
    Во мојата работа се стремам кон градење автентичен однос базиран на емпатија, искреност и креативност. Верувам во личните снаги на клиентот и во процесот кој, преку поддршка и доверба, може да води кон промена, личен раст и нови начини на разбирање на себе и на односите со другите.

    Услуги

    Индивидуална психотерапија – терапевтски процес во кој клиентот добива простор да работи на себе, на сопствените емоции, животни предизвици, самодоверба, личен развој и релации со важните луѓе во својот живот.

    Партнерска терапија – поддршка за парови кои се соочуваат со комуникациски проблеми, конфликти, недостаток на блискост, животни промени или потреба за подобро разбирање и поголема хармонија во врската.

    Семејна терапија – работа со семејства преку системски пристап, со цел подобрување на комуникацијата, разбирање на различните перспективи, јакнење на семејните односи и градење поздрави обрасци на функционирање.

    Групна терапија – поддржувачка и доверлива средина во која учесниците имаат можност да споделуваат искуства, да добијат разбирање, да развијат нови вештини и да работат на личен раст и ментално здравје.

    Online терапија – современ пристап кој овозможува терапевтска поддршка од удобноста на вашиот дом, преку видеоповик или друга сигурна форма на комуникација, со поголема флексибилност и достапност.

    Walk & Talk терапија – терапевтско искуство во природна околина, кое ги поврзува движењето, разговорот и престојот во природа како поддршка за ментална и емоционална благосостојба.


    Каде може да помогне терапијата?

    • Брачни кризи
    • Развод и постразводни семејства
    • Дисхармонија во партнерски врски
    • Предизвици во родителство
    • Анксиозни и депресивни состојби
    • Тагување и загуба
    • Интрапсихички конфликти и животни кризи
    • Прифаќање на сексуален идентитет и ориентација (LGBTIQ+)
    • Асоцијално поведение кај деца и млади
    • Специфични кризи кај млади лица
    • Унапредување на ментално здравје
    • Личен развој

    Безбеден простор за разговор и промена

    Психотерапијата е процес во кој клиентот добива можност да биде слушнат, разбран и поддржан. Преку доверлив однос и професионално водство, се работи на препознавање на личните ресурси, надминување на тешкотиите и градење поздрав однос кон себе и кон другите.

    Закажете сесија

    Ако чувствувате дека ви е потребна поддршка, разговор или простор во кој ќе можете да ги истражите вашите предизвици, закажете сесија и направете прв чекор кон промена.

    Ајде да разговараме!
    повеќе

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи