Екоцентар 97

ПаркингРаботиме 6 дена во неделата

  • Адреса: ул.1632, Кванташки Пазар 10/2
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7429 км
  • Локација: кај Кванташки пазар, спроти Комуна, кај бензинската пумпа

  • Телефон 2: 02 2551068
  • Факс: 02 2551068
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1625217428_21.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација
Во областа на опасен отпад, Екоцентар 97 соработува со најголемите индустриски компании во Северна Македонија кои се главни генератори на опасен отпад. Компанијата обезбедува сеопфатни услуги за управување со опасен отпад, вклучувајќи идентификација, селекција, собирање, складирање, препакување во UN пакување и транспорт со ADR возило. Покрај тоа, Екоцентар 97 има огромно искуство во апликација и добивање на документи за извоз и нотификација за прекугранично движење на отпад. При секое преземање на опасен отпад, клиентот добива комплетна документација како доказ за правилно постапување.

Опасниот отпад се извезува во постројки за третман / уништување на опасен отпад во Швајцарија, Германија, Австрија и Франција. Благодарение на соработката со најпознатите постројки за третман и уништување на опасен отпад, Екоцентар 97 може да најде соодветно решение за најразлични типови на опасен отпад.

При работа со опасен отпад се преземаат сите потребни мерки со цел да се избегнат несакани последици по здравјето на луѓето и животната средина. Континуирано се користат преносливи детектори за гас кои што детектираат присуство на експлозивни гасови, токсични гасови, испарливи органски соединенија, неоргански соединенија и друго.

Екоцентар 97 има соодветна опрема за ракување со различни типови на опасен отпад, вклучуваjќи: aнти-статички пумпи, пластични и иноксни танквани, мобилно анти-статичко осветлување. Дополнително, возилата и машините кои се користат имаат инсталирано искрофаќачи.

Вработените поседуваат заштитна анти-статичка опрема (целосно одело, ракавици, чизми), гас маски со филтер за заштита од органски и неоргански гасови и пареи, киселински гасови и др.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи