Политика за квалитет

 

 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИ

Мисија

За крајните корисници

Златна книга, www.zk.mk и 1188 се брзи и едноставни извори за користење на точни информации за локални бизниси, институции и индивидуалци, потребни во секојдневниот живот.

За фирмите клиeнти

Р3 Инфомедиа обезбедува традиционални и дигитални маркетинг услуги кои на фирмите им овозможуваат промоција и зголемување на продажбата.

Визија

За крајните корисници

Да останеме број еден извор на уникатни, точни и детални информации за локалните бизниси, производи, услуги, институции и индивидуалци преку унапредување на сегашните и воведување на нови дигитални производи.

За фирмите клиенти

Континуирано да ги развиваме нашите платформи – www.zk.mk, www.marketkonekt.com и www.inone.mk, за да обезбедиме технологија, едукација, поддршка и водење на дигитален маркетинг со кој нашите клиенти успешно ќе се претстават, промовираат и продаваат преку дигитални медиуми.

 

Со цел остварување на својата Мисија и Визија, Р3 Инфомедиа се стреми кон реализација и почитување на следните постулати:

 

-Создавање на ефикасна и ефективна реализација на барањата на клиентите преку воведување, оддржување и постојано подобрување на Системот за управување со квалитет и Системот за управување со  безбедност на информации;

-Обезбедување постојана доверливост на информациите во сите бизнис процеси на Р3 Инфомедиа;

-Примена на законската легислатива, задоволување на барањата на стандардите ISO 27001:2013 и ISO 9001:2015 и постојано подобрување на квалитетот на работните процеси и услугите кон нашите клиенти и крајни корисници;

-Управување со проблемите и инцидентите преку дијагностицирање на суштинските причини за нивна појава, како секојдневен процес при што се обновува нормалното ниво на услуги со минимално влијание на работните процеси;

-Континуирано оспособување и тренинг на вработените со нови технологии и комуникациски и продажни вештини со цел зголемување на компетенциите на вработените,  подобрување на квалитетот на работење, зголемување на задоволството на крајните корисници и клиентите на Р3 Инфомедиа

-Постојано подобрување на Системот за обезбедување квалитет и Системот за менаџмент со безбедност на информации и ефективно управување со сите промени преку следење и имплементација на нови технологии, методологии и стандарди;

-Континуирано следење на промени и ажурирање на базата на податоци за обезбедување на точни информации за локални бизниси, институции и индивидуалци;

-Зголемување на продажбата и задоволството на клиентите со креирање на ефективни маркетинг кампањи;

-Обезбедување на можност за он-лине продажба преку маркетконтект и иноне за средни и  мали претпријатија;

-Долгорочно, ефикасно и ефективно одржување на партнерските односи. 

 

Дата: 01.12.2020        

 

 

Цените на нафтата паднаа на почетокот на неделава на меѓународните пазари под 74 американски долари, поради загриженоста за побарувачката во услови на ширење ...
сите 14 | | | веќе видена

Во историјата на капитализмот не е видено најголемите светски компании да растат онолку колку што последниве неколку години растат технолошките гиганти. ...
сите 2 | | | веќе видена

Во предвидениот рок е реализирана втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, што за земјоделците значи намалување на ...
сите 18 | | | веќе видена

Време зa читање: 5 минути Народната банка е лидер во регионот на Западен Балкан во активностите за поддршка на развојот на финтек-секторот. Македонија е ...
сите 19 | | | веќе видена

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, имаше моќна и жестока реакција за време на собраниската расправа за ребалансот на буџетот. Во својот ...
сите 2 | | | веќе видена

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи