www.goldenpages.bg и www.zlatnakniga.com.mk заедно ги прошируваат услугите во Бугарија и МакедонијаДвата најсеопфатни бизнис адресари во Бугарија и Македонија потпишаа договор за партнерство и лансираа услуга за прикажување на огласите на бугарските компании на македонските корисници и македонските компании на бугарските корисници.
Новата взаемна услуга им нуди можност на корисниците од Македонија и Бугарија да пребаруваат добавувачи на производи и услуги преку граница, а тоа им овозможува на бизнисите во двете држави да се промовираат пред потенцијалните клиенти во другата држава поевтино и полесно. Целосната база на податоци на Златна Книга (Македонија) и Златни Страници (Бугарија) ќе им биде достапна на луѓето при пребарувањето во локалниот веб адресар.
Коментирајќи на договорот, Ник Саундерс, CEO на Golden Pages - Бугарија вели, “Ова е уште еден пример за вредноста што им ја овозможуваме на фирмите и корисниците во Бугарија. Ние постојано бараме нови начини да им помогнеме на фирмите да добијат нови клиенти, и олеснувајќи им да се рекламираат во Македонија можеме да придонесеме за развој на нивниот бизнис. И потрошувачите сега имаат лесен начин да најдат добавувачи во Македонија.” Владимир Вецовски, Генерален Директор во Р3 Инфомедиа – Македонија вели, "Ни претставува задоволство што соработката со Златни Страници ни овозможува на нашите клиенти да им понудиме можноста да привлечат нови клиенти од Бугарија. Сигурни сме дека и на корисниците ќе им се допадне можноста да имаат лесен пристап до сите Бугарски производи и услуги преку доверлив извор како што е Златна Книга. Верувам дека постојат бројни можности за фирмите од двете држави да имаат добивка од соработката со соседната земја и ние сакаме да го направиме првиот чекор, нудејќи информации за македонските бизниси во Бугарија, и на бугарските бизниси во Македонија".
Golden Pages е водечки бизнис адресар во Бугарија кој од страна на Бугарите се проценува како најсеопфаетн, доверлив и корисен извор за бизнис информации во државата. Повеќе од 375,000 луѓе ја посетуваат www.goldenpages.bg месечно пребарувајќи над 100,000 фирми.
Златна Книга е водечки бизнис адресар во Македонија избран за Супербренд за Македонија за 2009 година. www.zk.com.mk е една од 40-те најпосетувани локални веб страни во Македонија и е достапна на македонски, англиски и албански јазик.
| Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК. Неизвесно е што ќе се случува со војната во Украина и на ... ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за ...Акционерското друштво „Европа“ има закажано Собрание на акционери за 15 мај годинава, и за него се предложени бројни предлог одлуки, меѓу кои и онаа за ... Банките остануваат БЕЗ ПРИХОДИ ОД „ОБРАБОТКА“ НА КРЕДИТИ? - Така сметаат во Црна Гора, а кај нас?Банките немаат право да наплатат повеќе за трошоците за обработка на кредитите, а граѓаните кои платиле може да ... КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститоритеФармацевтската компанија „Реплек“ продолжува да биде едно од најинтересните акционерски друштва, особено за инвеститори кои купуваат акции преку блок ... НЕ Е ЗЛАТО, НИТУ ДРУГ БЛАГОРОДЕН МЕТАЛ, НО НЕГОВАТА ЦЕНАТА НЕЗАПИРЛИВО РАСТЕ Тон чини 10.000 ...Побарувачката на бакарот силно ќе расте во следното десетлетие благодарение на производството на електрични возила, соларни панели, вештачката интелигенција и ... Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна ...Чест ни е што можеме да објавиме дека Силк Роуд банка е добитник на признание од Visa како прва банка во Македонија што на пазарот ја промовираше Visa Platinum ... |