Д-р Цивкароски

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаWi-Fi ЗонаКлиматизираноПлаќање со кредитни картички

  • Адреса: Васко Карангелевски б.б. лам.2/107
  • Место: Битола
  • Оддалеченст: ≈7907 км
  • Локација: нов пазар




Слика од локација

Фото и видео галерија

Поликлиника Д-р Цивкароски, врвна модерна поликлиника која нуди услуги од сите области на стоматологијата.

Кај нас ќе ве пречека тим на врвни специјалисти по протетика и ортодонција кои ја продолжуваат фамилијарната традиција на квалитет и искуство кое се пренесува од генерација на генерација, надополнето со пoсети на бројни конгреси и семинари.

Се надеваме дека ова ќе биде прв чекор во остварувањето на посебна и долготрајна соработка, бидејќи ние, Ви нудиме комплетна услуга, почитувајќи го вашето време, удобност и сигурност!

Посебен акцент ставаме на тоа дека поликлиниката Д-р Цивкароски има склучено договор со ФЗО за изработка на тотални и парцијални протези по фондовски цени,а од областа на ортодонција сме први во регионот кои успешно го применуваат Damon системот кој овозможува побрза терапија, со минимален број на контроли и без вадење на заби!

Зошто ние?

Ние се бориме за секој заб пред да одлучиме да го вадиме.

Ние не работиме масовна стоматологија туку стоматологија посветена вам, на секој детал на вашиот заб.

Затоа што за нас ни најкомплицираните протетски изработки , реконструкции на забите и ортодонциски аномалии не ни се проблем, туку предизвик.

Протетските изработки ги изработува исклучиво специјалист по протетика кој има големо искуство, а безметалните изработки за да изгледаат природно бараат огромно ускуство и знаење.

Kај нас ортодонцијата и хирургијата ја работат врвни специјалисти

Ги носиме од светот сите нови материјали и технологии кои се појавуваат на пазарот.

Се трудиме да постигнеме максимална естетика и природност, но и функција.

Во нашите цени се вклучени сите потребни услуги (преглед, анестезија, планирање, контроли, децементирање на стари протетски помагала и цементирање на нови) што во многу ординации се наплаќа плус
повеќе
Слика од локација
Мапа
Купони

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи