ЦЕЕД Македонија

ПаркингЈавен превозДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Орце Николов 202-1/36
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7849 км
  • Локација: Спроти Машински факултет

  • Телефон 2: 02 3079191
  • Факс: 02 3079612
  • Работно време: Пон - Пет од 09:00 до 17:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/8d6ef994dfadbc108d7a30d2a25429e7.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Со повеќе од 20 години искуство во инвестирање во мали и средни претпријатија, +500 реализирани МСП инвестиции и 1000 технички интервенции во мали и средни претријатија од пазарите во развој, SEAF одблизу ги познава предизвиците со кои претприемачите се соочуваат во водењето на бизнисот. SEAF дојде до сознанието дека претприемачите генерално не беа обучени за забрзан развој на бизнисот. Често им недостасуваше знаење и алатки за пристап на нови пазари и тешко доаѓаа до капитал (финансиски средства). На претпримачите исто така им недостасуваше поврзаност со други претприемачи кои имаа искуство со регионални и интернационални пазари, каде го пласираа својот бизнис. CEED беше создаден за да излезе во пресрет при надминување на ваквите и слични предизвици, преку регрутирање на успешни претпримачи кои би им помогнале на оние кои сакат да го прошират својот бизнис. CEED се развиваше користејќи го моделот (peer to peer) каде претприемачите ги споделуват своите искуства, им помагаат на другите да ги пребродат предизвиците и да се здобијат со меѓусебна доверба во заедницата.

CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои функционираат во Југоисточна Европа. Канцеларијата во Македонија започна со работа во 2007 година, со тим од тројца вработени. Денес ЦЕЕД Македонија има вкупно 18 вработени кои работат на дизајн и имплементација на менаџерски програми, како и на реализација на различни проекти.

УСЛУГИ:

• ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЕКОСИСТЕМИ ЗА ПОДДРШКА
CEED им дава можност на претпримачите да се поврзат со други претприемачи кои веќе поминале низ слично искуство. Со тоа им се овозможува на претприемачите да се поврзат меѓусебе и да ги споделат своите искуствa, со што им се дава до знаење дека не се сами и дека постојат и други како нив кои се соочуваат со слични проблеми. Претприемачите од CEED заедно се способни да ги преминат бариерите, да соработуваат во развивањето на нивните бизниси и да создадат посилна локална економија поврзувајќи се со интернационалната мрежа на CEED.

• ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ
CEED гради мрежа од компании кои се спремни да инвестираат, преку подготовка на претприемачите за надворешен капитал, подобрување на нивната финансиска состојба и менаџерски вештини, и водејќи ги до соодветни провајдери. CEED работи со финансиски советници/експерти, банкарски и финансиски заедници и донаторски агенции за да ја подигне свеста за финансиските можности како и да го забрза процесот за зголемување на работниот капитал. Оние од мрежата на CEED кои што веќе се квалификувале исто така добиле и капитал директно од SEAF на они пазари на кои делуваат и двете организации.

• РАЗВИВАЊЕ НА МРЕЖА ПРЕКУ МЕНТОРСТВО
CEED нуди менторство во своите структурирани програми , бијдејќи луѓето кои веќе поминале низ одредени предизвици и проблеми можат да понудат вредни совети. Тие веќе ги искусиле подемите и падовите, наградите и фрустрациите, успесите и неуспесите на започнувањето и водењето бизнис, и можат да споделат со претприемачите дека тоа што тие го искусуваат во меоментот не е ништо ново, туку само дел од процесот. CEED има строги правила кога станува збор за регрутирање и тренирање на најдобрите ментори од секој пазар. Од 2004 година па наваму тоа го има успешно направено со повеќе од 1000 ментори.

• ГРАДЕЊЕ ВЕШТИНИ ПРЕКУ PEER-TO-PEER-LEARNING
CEED регрутира меѓународно ориентирани претприемачи и ги вклучува во програми каде се споделува искуство при тоа обезбедувајќи практични обуки ориентирани кон раст и развој. Ние ги негуваме врските и создаваме дом за претприемачи кои се истомисленици за тие да можат понатаму да изградат заедница. CEED нуди широк спектар на специјални програми што се прилагодени на развојното ниво на компанијата, фокусирајќи се на знаењето и вештините потребни за да се менаџира компанија во раст и развој. Од 2004 година па наваму одржани се над 500 вакви обуки
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи