АРИЈА - Дом за стари лица

ПаркингЈавен превозДостапен интернетWi-Fi ЗонаРаботиме 7 дена во неделатаРаботиме нон-стопКлиматизираноДостапно за хендикепирани лица

  • Адреса: Рудо 15
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7423 км
  • Локација: На 500 метри од општина Бутел и пазарчето, првата улица десно после чаталот.

  • Телефон 2: 078 244306
  • Работно време: Пон - Нед од 00:00 до 00:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1649667829_57.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Домот Арија е новоотворен дом за нега на стари лица. Се наоѓа на мирна и безбедна локација опкружена со зеленило во општината Бутел на ул. Рудо бр. 15. Оддалечен на само 5км од центарот на Скопје има одлична сообраќајна комуникација.
Во непосредна близина се наоѓаат повеќе значајни објекти како амбулантата, полициската станица, општината, пазарчето, црквата Св. Јован, автобуските линии со бр. 8 и 57 и новата обиколница која овозможува уште подобра поврзаност.

Стручен и медицински тим составен од социјален работник, медицински сестри и негувателки се грижи за нашите корисници 24 часа, за да бидеме сигурни за вашето здравје.

Сместувањето на корисниците е во луксузни и комфорни соби со сопствени балкони и опремени со 40” смарт телевизори, климатизери, СОС тастери за повик на помош од персоналот и бесплатен безжичен интернет.

Домот располага со пространа дневна просторија наменета за активности и меѓусебно дружење и интеракција на нашите корисници, како и просторија и комфорен балкон наменети за посети од најблиските. Посебна нега и внимание се посветува на негување на стекнатите навики и хобија на корисниците, организирање на излети, посета на културно-уметнички манифестации и градење на позитивен однос спрема себе и околината.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи