Ангровардар

ПаркингРаботиме 6 дена во неделата

  • Адреса: Андон Шурков б.б.
  • Место: Велес
  • Оддалеченст: ≈7465 км
  • Локација: покрај бензинската Брако

  • Телефон 2: 071 213163
  • Факс: 043 232933
  • Работно време: Пон - Саб од 07:00 до 21:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/0fe495882da4f4e0cd6026aee1116148.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Ангровардар e фирма за производство на дрвена амбалажа.

• Палети
• Кошеви за земјоделски производи
• Сандаци за транспорт
• Подметачи
• Секаков вид на производи од дрво по барање на купувачите

Развојот на друштвото започнува во 1990 година кога е формирано со приватен капитал на сопственикот Тодор Маџаров. Обезбедувајќи сопствени средства во 1994 година фирмата ја проширува дејноста во производство, специјализирајќи се во изработка на дрвена амбалажа. Следејќи ги глобалните промени кои настануваат во меѓународното работење и Европските стандарди, за да можеме да им излеземе во пресрет на нашите купувачи инвестиравме во опрема за термички третман на дрвото. Денес го имаме сертификатот за термички третман на дрвото по Меѓународен стандард за фитосанитарни мерки ISPM 15 (FAO, 2002). Со овој сертификат секоја наша палета може слободно да се движи надвор од границите на Република Македонија.

Од 2010 година целиот производствен процес се одвива во согласност со систем на контрола на квалитетот ISO 9001:2008. Изминатите три години инвестиравме во зголемување на асортиманот на производи, така што од почетокот на 2013 година започнавме со производство на еколошко енергетски брикети. После извршеното испитување од страна на Универзитет Св.Кирил и Методиј - Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер , квалитетот на брикетите спаѓа во екстра квалитетна класа.

Денес Ангровардар располага со голем производен капацитет. Ги задоволуваме барањата на пазарот со годишно производство од 200.000 броја на разни видови палети. Бројот на вработени се движи од 40-50 обучени работници.

Како водечка компанија за производство на палети од дрво на Македонскиот пазар, наша определба е одржување на лидерската позиција на пазарот во Македонија, и нејзино проширување надвор од нејзините граници.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи