Амигдала


  • Адреса: Аминта III 73-1/3 (Ленинова)
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7851 км




Фото и видео галерија

КАБИНЕТ ЗА ПСИХОТЕРАПИЈА ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ И ПСИХОДИЈАГНОСТИКА АМИГДАЛА ( СЕГА И ОВДЕ)

Датум на формирање: 1.март 2005 година
Адреса: ул.Ленинова бр.73 Скопје
Телефон: 3 112 145
Емаил: info@amigdala.mk
Веб: http://segaiovde.amigdala.mk/

Основач и главен психотерапевт во кабинетот за психотерапија, психолошко советување и психодијагностика е м-р. Мирјана Јовановска – Стојановска -
Магистер по клиничка психологија и психолошко советување, докторант по Развојна психологија на Југозападен Државен Универзитет на Бугарија, сертифициран психодрама и гешталт психотерапевт, супервизор во психотерапија сертифицирана од Метаноја Институт, Лондон, Велика Британија. Дополнителна едукација преку различни семинари, работилници, конференции и тренинзи од најразлични модалитети на психотерапија (Англија, Германија, Израел, Шведска, Русија, Грција и др.). Таа е претседател на Комора на психолози на Р.М., членка на Македонската и Европската Гешталт Асоцијација.


ПСИХОТЕРАПИЈА - таа е група на научни и искуствени постапки, процедури и методи кои имаат за цел лекување на психичките пореметувања по психолошки пат, а кои не се предизвикани од органски причини. Поимот психотерапија денес опфаќа повеќе од 400 теоретски правци , ориентации, облици и видови на лекување. Секој од овие пристапи има сопствена теориска основа, специфична методологија и техника на работа, начин на кој се проценува кој може да биде психотерапевт, очекувања во доменот на ефикасност и постапките за стекнување на знаења и вештини за да може успешно да се користи во пракса. Психотерапевтите од сите психотерапевтски пристапи ја прилагодуваат теоретската програма на специфичниот индивидуален профил на клентот.

Терапискиот однос е битен некогаш суштински чинител на психотерапијата. За добар тераписки однос е потребно психотерапевтот да поседува одредени карактеристики како што се емпатија, да е доверлив, трпелив, отворен, толерантен, комуникативен, одговорен, да се почитува себе си и другите, да ја препознава и прифаќа личната моќ, да го уважува културното влијание, да е искрен, честит, лојален, реален и да ја познава свесноста на сегашниот момент и да е етичен и совесен. Но неопходно е психотерапијата да се учи, истражува, контролира и легализира.
Психолошкото советуање е психолошки процес на помагање кој користи репертоар на интервенции и методи и делува по однапред определени цели. Тоа се состои од давање на помош на луѓе кои имаат различни психолошки тешкотии: актуелни кризи, проблемите на живењето, неадаптираност, срамежливост, повлеченост, љубовни проблеми и сл. Во процесот на психолошко советување се учат и развиваат животните вештини.
Советодавниот однос и советодавниот сојуз е ист како и во психотерапијата.
Индивидуална психотерапија
Полето на примена на психотерапијата почнува од проблеми како што се: агресивност, повлеченост, срамежливост, несигурност, зависност, осаменост, чувство на вина, недостаток на самодоверба, незадоволство од себе, нереални очекувања и барања, потешкотии во односот со спротивниот пол, љубовни проблеми, неадекватен успех на училиште, разни видови на нарушувања во однесувањето и навиките (напади на бес, ноќно мокрење и сл.) деликвентно однесување, психички тегоби како депресии, анксиозност, панични напади, фобии, разни присилни мисли и стравови).

Во индивидуална работа, се користат елементи на психодрамски, гешталт, когнитив-бихевијорал и други техники и методи на работа , во зависност од афинитетите и потребите на клиентот. Во една психотераписка сесија на индивидуална терапија може да бидат користени техники од различни психотерапевтски пристапи во зависност од афинитетите, сензибилноста и потребите на клиентот и на тераписката сесија
Семејна терапија – семејната терапија им помага на смејствата во надминување на нивните конфликти ситуации и има за цел да промовира разбирање и соработка меѓу членовите на семејството, со цел да се решат проблемите на едно или повеќе лица. Потребна е и во поддшка на семејствата кога некој член на семеството, а со тоа и целото семејство минува низ животни кризи и кога се потребни посебни прилагодувања на новонастанати ситуации (финансиски тешкотии, преселба, развод или смрт на некој близок). Покрај тоа, таа може да биде поддршка на семејатвата каде има членови со психички проблеми и растројства како што се депресија, злоупотреба на супстанции, хронична болест, анорексија или секојдневни грижи, како што се проблеми во комуникацијата, меѓучовечки конфликти, или проблеми во однесувањето кај децата и адолесцентите. Кај проблеми со однесувањето на децата во семејството се откриваат причините за појавата на несаканото однесување и целото семејство работи на минимизирање на последиците и промена на однесувањето.

ТЕРАПИЈА НА ПАРОВИ И БРАЧНО СОВЕТУВАЊЕ - е процес на советување на учесниците во меѓучовечките или брачните односи што овозможува тие да ги признаат, подобро да ги управуваат или да ги помират проблематичните разлики и повторувачките модели на стрес во врските. Терапија на парови опфаќа членови на семејството (пр. мајка и ќерка, браќа. и сл.), вработени или работодавци на работното место, професионалец и клиент и сл.
Терапија на парови е наменета за навидум нерешливите проблеми со историја на односи, каде што емоциите се целта и агент на промени.
Брачно советување или брачна терапија вклучува различни методи и начини на работа, а воглавно основните принципи на брачно советување вклучуваат:
Обезбедување на доверливи дијалог, кој ги нормализира чувствата
Да се им овозможи на двата партнери да ислушаат и да бидат ислушнани
Да им обезбеди увид во проблемите и тешкотиите на новниот однос, но и неговите потенцијали и насоки за промена
Да го оспособи односот во земање на контролата на сопствената судбина и да се донесат значајни одлуки
Да се промени начинот на кој се гледа на врската
Да се подобри меѓусебната комуникација
Основните цели на брачната терапија и советување се : да помогне да се идентификуваат повторувачки, негативни циклуси на модели на однесување меѓу партнерите и да помогне во разбирањето на изворите на реактивни емоции на кои се базираат овие модели. Понатаму да се прошират и да се ре-организираат клучните емоционални реакции во врската, да се олесни промената на интеракција на партнерите во нови начини на интеракција. Да се создадат нови и позитивни искуства на поврзување преку нови емоционални настани во односите, да го поттикне чувството на приврзаност меѓу партнерите и да помогне во одржување на чувството на интимност.

ГРУПНА ПСИХОТЕРАПИЈА
Групната психотерапија има долга историја и емпириски докажана висока ефективност како многу успешна форма на психотерапија. Таа а од голема помош а во некои случаи е поефективна од индивидуалната психотерапија, посебно во случаите каде социјалната поддршка и учењето за интерперсоналните односи се значајни цели на третманот. Поголемото мнозинство од луѓето кои патиципираат во групната терапија ќе имаат големи придобивки. Иако групната терапија е високо подржувачка во одредени моменити и ситуации може да биде и многу стресна.
Некои цели на групната психотерапија
Многу луѓе кои имаат потреба од психотерапија се чувствуваат изолирано и незадоволно од нивната конкретна животна ситуација.
Тие можат да имаат проблеми да основаат и одржат блиски взаемно задоволувачки и значајни односи со другите луѓе. Честопати тие се интересираат да научат на кој начин тие се поврзуваат со другите.

Групната терапија дава можност за:
• Да се добие и даде подржка и фидбек
• Да се подобрат меѓучовечките односи и комуникација
• Да се експериментира со нови начини на интерперсонално однесување
• Да се зборува искрено и директно за своите чувства
• Да се добие увид и разбирање на сопствените емоции,мисли и однесувања преку согледување на шемите на однесување истовремено и внатре и надвор од групата
• Да се добие увид и рабирање за мислите, емоциите и однесувањата на другите луѓе
• Да се зголеми самодовербата, самопочита и да се подобри сликата за себе
• Да се помине низ внатрешни промени внатре во групата со очекување да се понесат и аплицираат тие промени и во надворешниот свет.

ПСИХОДИЈАГНОСТИКА - опфаќа тестирање со помош на психолошки тестови кое е наменето за дијагностицирање и разјаснување на прашањата кои се однесуваат на цртите на личност,однесувањето, расположението, емоционалното функционирање и когнитивните процеси на индивидуата, откривање на нејзините интелектуални потенцијали и ресурси на личноста и карактерот.
Со помош на психолошкото тестирање клиентот добива детални информации за себе, а психологот изработува објективен психолошки наод.

Во Амигдала располагаме со различни психолошки тестови:
• Клиничките тестови
• Тестови на интелигенција и личност
• тестови за професионална ориентација -детекција на интереси и потенцијали на личноста
• тестови за деловен консалтинг - селекција при вработување, селекција при креирање на тим,дијагностика на група.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи