Akcent

Punojmë 6 ditë në javëQasje në InternetWi-Fi ZonëAir-kondicioner

  • Adresa: Orce Nikollov 133-d/3
  • Vendi: Shkup
  • Distanca: ≈7423 км

  • Telefon 2: 02 3136336
  • Faksi: 02 3290422
  • Orari i punës: Ha - Pr nga 08:00 deri më 16:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1580816322_77.png?t=true&w=300&h=300


Foto nga vendndodhja

Foto dhe video galeri

Акцент е високо технолошка компанија која секогаш се труди да биде чекор пред времето кое доаѓа. Технологијата продолжува да го менува светот, а Акцент успешно го прави спојот од најновата технологија со човечката креативност, иновативност и професионалност, што резултира со производи кои успешно ги надминуваат бизнис проблемите со кои се соочуваат компаниите во нивното секојдневно работење. Во текот на 23 годишното работење, Акцент на пазарот ги пласира своите револуционерни идеи кои во голема мера го олеснија водењето на бизнисот. Освен фискалните апарати, компјутерски решенија, Акцент нуди и повеќе моќни софтверски решенија.

Нашата приказна започнува во 1995 година со комплетни хардверски решенија, во 2002 е дополнета со продажба на фискални апарати, за да се комплетира со создавањето на првото софтверско решение истата година.

Започнавме како мала приватна компанија со двајца вработени, но денес можат да се пофалиме со повеќе од 70 високо стручни професионалци.

Нашето мото вклучува знаење, навременост и достапност – „мисли глобално, делувај локално – цели високо”.

Компанијата ја сочинуваат следните сектори:

-Продажба;
-Имплементација, Сервис и поддршка;
-Развој на хардвер и софтвер;
-Администрација;
-Менаџмент и контрола на квалитет.

Внатрешната комуникација меѓу вработените е нешто на коешто постојано се работи. Создавање на добри релации е носечкиот столб за подобро разбирање на задачите кои претстојат пред вработените. Со тоа компанијата го зацврстува и го гради своето реноме преку единствено и здружено настапување пред проблематиката со која се соочува.

Тимот на Акцент е брз, енергичен, постојан, сигурен, високо мотивиран и станува дел од тимот на компанијата со која соработува.

Ставајќи се во улога на корисниците, создаваме концепт за софтвер со кој ги елиминираме моментите кои претставуваат потешкотија, и воведуваат организација, брзина и контрола во работењето на компаниите. Следејќи ги светските трендови, создаваме спој помеѓу најновите технологии со сопствените софтверски решенија, кој резултира со бизнис пакети со најдобри перформанси.

Сите изминати години работиме темелно, ефикасно, брзо и 100% транспарентно, а со тоа нудиме сигурност и лојалност на нашите клиенти.

Во изминатите 23 години имаме соработувано со повеќе од 100.000 клиенти. Повеќе од 20.000 клиенти соработуваат со нас повеќе од 10 години.

Просечниот стаж по вработен во Акцент изнесува 7.1 година. Една третина од вработените се над 10 години, а повеќе од половина се над 5 години со Акцент.
Повеќе од 2000 компании пораснаа со нашиот софтвер.

Сето тоа докажува дека Акцент е стабилен партнер за своите вработени, за своите клиенти и соработници.

Целта на нашето постоење е да ги направиме нашите корисници горди на одлуката да соработуваат со нас.

Главни дејности

Hardware и Сервисни услуги

Изработува хардверски решенија,мрежни инсталации, сервис на лице место.

Развој на софтвер

Изработува софтверски решенија за различните потреби на клиентите.

ПОС системи

Изработува комплетни интегрирани решенија за малопродажба.

Автоматизација на бензиски пумпи

Софтверско решение за автоматизација на бензиски пумпи

Визија и Мисија

Да ги развиваме најдобрите и најквалитетни компјутерски решенија кои ќе служат на различните потреби на корисниците во Македонија.

МИСИЈА

Нашата мисија е едноставна: Да ги развиваме најдобрите и најквалитетни компјутерски решенија кои ќе служат на различните потреби на корисниците во Македонија. Како една од водечките ИТ компании на локалниот пазар, нашата бизнис политика подржаната со квалитет, сервис и добра вредност на решенијата мора да го одржат АКЦЕНТ во врвот на водечките компании во Македонија. Од самото формирање стратегијата на Акцент беше да се поврзе со водечките компании во IT индустријата.

ВИЗИЈА

Континуираниот раст на компанијата е наша обрска. Oд формирањето па до сега компанијата расте со зголемување на прометот на годишно ниво од 20-30% секоја година. Фокусот мора да биде насочен кон одржување стапка на раст на компанијата преку воведување на нови услуги и решенија, како и проширување на други пазари.

Сертификати и признанија

Регионален самит на претприемачи од централна и југоисточна Европа 300 Најдобри, се одржа по 6-ти пат, оваа година во Дубровник, од 22-ри до 24-ти март 2019 година.
Во процесот на предлагање на кандидати беа вклучени 144 предлагачи, кои предложија вкупно 392 кандидати од осум држави ( Австрија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Норвешка, Словенија, Србија и Македонија). По предложените 392 кандидати, 300 влегоа во конкуренција и од нив се одбраа најдобрите.
Акцент Дооел доби посебна награда и признание за придонес во развој на претприемништвото за централна и југоисточна Европа.
më shumë
Foto nga vendndodhja
Mapa

Hyni në Librin e Artë

Emri i përdoruesitFjalëkalim



Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj