Акцент

Работиме 6 дена во неделатаДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Орце Николов 133-д/3
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈9438 км
  • Локација: Дебар маало

  • Телефон 2: 02 3136336
  • Факс: 02 3290422
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1580816322_77.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Акцент е високо технолошка компанија која секогаш се труди да биде чекор пред времето кое доаѓа. Технологијата продолжува да го менува светот, а Акцент успешно го прави спојот од најновата технологија со човечката креативност, иновативност и професионалност, што резултира со производи кои успешно ги надминуваат бизнис проблемите со кои се соочуваат компаниите во нивното секојдневно работење. Во текот на 23 годишното работење, Акцент на пазарот ги пласира своите револуционерни идеи кои во голема мера го олеснија водењето на бизнисот. Освен фискалните апарати, компјутерски решенија, Акцент нуди и повеќе моќни софтверски решенија.

Нашата приказна започнува во 1995 година со комплетни хардверски решенија, во 2002 е дополнета со продажба на фискални апарати, за да се комплетира со создавањето на првото софтверско решение истата година.

Започнавме како мала приватна компанија со двајца вработени, но денес можат да се пофалиме со повеќе од 70 високо стручни професионалци.

Нашето мото вклучува знаење, навременост и достапност – „мисли глобално, делувај локално – цели високо”.

Компанијата ја сочинуваат следните сектори:

-Продажба;
-Имплементација, Сервис и поддршка;
-Развој на хардвер и софтвер;
-Администрација;
-Менаџмент и контрола на квалитет.

Внатрешната комуникација меѓу вработените е нешто на коешто постојано се работи. Создавање на добри релации е носечкиот столб за подобро разбирање на задачите кои претстојат пред вработените. Со тоа компанијата го зацврстува и го гради своето реноме преку единствено и здружено настапување пред проблематиката со која се соочува.

Ставајќи се во улога на корисниците, создаваме концепт за софтвер со кој ги елиминираме моментите кои претставуваат потешкотија, и воведуваат организација, брзина и контрола во работењето на компаниите. Следејќи ги светските трендови, создаваме спој помеѓу најновите технологии со сопствените софтверски решенија, кој резултира со бизнис пакети со најдобри перформанси.

Во изминатите години имаме соработувано со повеќе од 100.000 клиенти. Повеќе од 2000 компании пораснаа со нашиот софтвер. Целта на нашето постоење е да ги направиме нашите корисници горди на одлуката да соработуваат со нас.

Главни дејности:

• Hardware и Сервисни услуги
• Изработува хардверски решенија,мрежни инсталации, сервис на лице место.
• Развој на софтвер
• Изработува софтверски решенија за различните потреби на клиентите.
• ПОС системи
• Изработува комплетни интегрирани решенија за малопродажба.
• Автоматизација на бензиски пумпи
• Софтверско решение за автоматизација на бензиски пумпи


Сертификати и признанија

Регионален самит на претприемачи од централна и југоисточна Европа 300 Најдобри, се одржа по 6-ти пат, во Дубровник, од 22-ри до 24-ти март 2019 година.
Во процесот на предлагање на кандидати беа вклучени 144 предлагачи, кои предложија вкупно 392 кандидати од осум држави ( Австрија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Норвешка, Словенија, Србија и Македонија).
Акцент Дооел доби посебна награда и признание за придонес во развој на претприемништвото за централна и југоисточна Европа.

За сите ваши прашања и консултации нашиот тим ви стои на раполагање. Контактирајте не на телефоните 02 3133122 и 02 3136336.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи