Aikido klub Henbo

Parking

  • Adresa: Apostoll Gusllarot 3
  • Vendi: Shkup
  • Distanca: ≈7424 км
Kategoritë:

klube - aikido


  • Telefon 2: 075 316854
  • Orari i punës: Ha - Mr , Pr nga 20:30 deri më 22:00



Аикидо клубот Хенбо е членка на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија.

Основан е во 2005 година. Изучуваме изворно јапонско аикидо според стандардите на светскиот центар за аикидо - Аикикаи Хомбу Доџо во Токио, Јапонија. Користиме одлична методологија која овозможува целосна примена на принципот на хармонизација и правилно учење на боречките зафати/техники.

Главен учител е Дамјан Цингарски, носител на мајсторски степен 4.Дан.

Како составен дел на аикидото, изучуваме и техники со меч (аикикен) и техники со стап (аикиџо), a ја изучуваме и Хоџо катата (ритуален дуел со мечеви) и Генкикаи системот на вежби за телесно здравје, следејќи го во целост учењето на Масатоми Икеда сенсеи, еден од најетаблираните аикидо мајстори во светот.

За да го збогатуваме знаењето во областа на аикидото организираме семинари неколку пати во годината. Еднаш со нашиот ментор, мајсторот Микеле Кваранта, носител на 7.Дан, а останатите со други познати аикидо учители.

Членовите на Хенбо редовно посетуваат меѓународни семинари и во земјава и во странство, и редовно полагаат за степени (појаси) кои се сертифицирани од светската аикидо организација - Аикикаи.

Тренинзите ги одржуваме во спортската сала на ОУ „Песталоци“.

Адреса: ул. Апостол Гусларот бр. 3, Центар, Скопје
më shumë
Mapa

Hyni në Librin e Artë

Emri i përdoruesitFjalëkalim



Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj