Agroindustria-Agis

ParkingQasje në InternetWi-Fi ZonëAir-kondicioner

  • Adresa: Nikolla Rusinski p.n. lok.23
  • Vendi: Shkup
  • Distanca: ≈7849 км
  • Lokacioni: Karposh 3


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1572523266_04.png?t=true&w=300&h=300


Foto dhe video galeri

Компанијата АГРОИНДУСТРИЈА АГИС ДООЕЛ СКОПЈЕ е формирана во 1998 година и успешно работи веќе две децении. Основни дејности на компанијата се продажба и сервисирање на нисконапонски и високонапонски електромотори, намотки за високонпонски електромотори, како и продажба и сервисрање на секаков вид пумпи за вода. Исто така, се занимаваме со продажба на откочници за кранови, секаков вид моторедуктори, системи за централно подмачкување, хидраулична опрема, хидраулични цилиндри за работа во тешки услови и ХТЗ опрема.

Услуги

АГРОИНДУСТРИЈА АГИС изведува пумпни станици за водоснабдување, сервисирање и одржување на електромашинска опрема за пумпни системи, продажба и монтажа. Во досегашното работење најголем ангажман претпријатието имаше во полето нa инженерингот за изведба на комплетни пумпни станици при што увозната опрема е од реномирани производители. АГРОИНДУСТРИЈА АГИС важи за сериозна фирма која е екипирана со стручен кадар. Имаме долгогодишна соработка со реномирани производители кои досега успешно се презентирани на Технома саемот во Скопје. Основна дејност на фирмата е проектирање, испорака, монтажа, одржување, сервисирање и обезбедување резервни делови за пумпи, пумпни станици, водоводна арматура и електомотори.

Успешното работење на АГИС во изминативе две децении е резултат на професионалниот однос и експертизата на своите вработени, но и определбата на избор на материјали и опрема со врвен квалитет. Во рамките на административно – комерцијалниот сектор функционираат финансиско и комерцијално одделение. Комерцијалното одделение (продажба, маркетинг и логистика) го раководат лица со повеќегодишно искуство и лиценци согласно светските трендови. Производно-сервисниот сектор вбројува висококвалификуван тим предводен од дипломирани инженери, согласно профилот на сегментот во кој можеме да ги пресретнеме сите Ваши барања.

Сертификати


ИСО 9001

AGIS 2018 CA MainCertificate_eng

AGIS 2018 CA MainCertificate_mk


ИСО 14001

AGIS 2018 CA EMS MainCertificate_eng

AGIS 2018 CA EMS MainCertificate_mk
më shumë
Mapa

Hyni në Librin e Artë

Emri i përdoruesitFjalëkalim



Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj