Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС

Wi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Стив Наумов 100 (Ленинградска)
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7852 км
  • Локација: Кај фонд за здравство

  • Телефон 2: 02 3217573
  • Факс: 02 3166452
  • Работно време: Пон - Пет од 08:30 до 16:30



Слика од локација

Фото и видео галерија

МАПАС е основана заради вршење супервизија на работењето на пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови.

Агенцијата за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија. Агенцијата е одговорна за издавање, повлекување и одземање дозволи за основање на друштва. Таа врши супервизија на работењето на пензиските друштва, задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и на чуварите на имот и на странските менаџери на средства.

Агенцијата исто така, го промовира, го организира и го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување во Македонија и ја развива свеста на јавноста за целите и принципите на пензиските друштва и на задолжителните и доброволните пензиски фондови, за придобивките од членување во задолжителен и/или доброволен пензиски фонд, вклучувајќи ги и придобивките од учество во професионална пензиска шема, за правата на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови.

Покрај годишниот извештај за своето работење, таа изготвува и објавува годишен извештај за состојбите во капитално финансирано пензиско осигурување со што се обезбедува транспарентност во ова осигурување.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи