Адвокатска канцеларија Чакаровска

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: бул.Св.Климент Охридски 63-а/8
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7424 км
  • Локација: зградата до Театар Комедија

  • Телефон 2: 078 355904
  • Работно време: Пон - Пет од 09:00 до 17:00



Слика од локација
Адвокатска канцеларија Чакаровска ги нуди следните услуги: застапување пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги од сите области на деловното работење, работни односи, корпоративното управување, осигурување, граѓанско право, стопанско право, даночно право, правна ревизија, заштита на права од индустриска сопственост и заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Г-ѓа Данче Чакаровска Гроздановска e истакнат и почитуван адвокат од Скопје, со 20 годишно искуство во практикување на правото. Со нејзиното истакнато долгогодишно искуство таа успешно обезбедува адвокатски и правни услуги во повеќе области на правото, следејќи ги секојдневните промени на правнита регулатива. Нејзините специјалности се: статусни промени во друштвата, корпоративно и деловно право, јавно-приватно партнерство, заеднички вложувања, правна анализа на компании, граѓански судски постапки и управни постапки, облигационо право и работни односи. Адвокат Чакаровска е застапник за заштита на правата од индустриска сопственост.

Во текот на работењето има учествувано на многубројни обуки и семинари организирани од светски правни организации, при што се  има стекнато со големо меѓународно правно know – how искуство. Како резултат на стекнатото искуство, Адвокат Чакаровска е ментор во програма за развој на менаџерски и претприемачки вештини, со цел развој на претприемништвото во Македонија, која програма е подржана од USAID и SEAF. Исто така, адвокат Чакаровска е локален партнер на светска банка во програмата за Doing Business in Macedonia, членка на интернационалната правна организација IDLO (International Development Law Organization) од  Рим, како и членка на Европската асоцијација на правници, адвокати и правни фирми (European Lawyers).

Во Адвокатската канцеларија работи добро обучен тим на правници, секој специјализиран во различна област, кој следејќи ги основните постулати на работење на основачот Адвокат Данче Чакаровска Гроздановска, е подготвен во секое време да одговори на секој правен предизвик. Нашата основна мисија е задоволен и среќен клиент, кое нешто може да се постигне само со целосна и доследна примена на правото и посветено работење на интересите на клиентот, како и грижа за истиот.

Адвокат Данче Чакаровска Гроздановска е овластен регистрационен агент за упис на основање, промени и бришење на сите видови трговски друштва во ЦРРМ.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи