4 причини зошто вон школските активности се неопходни за развојот на вашето дете

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, а одлуката слободното време на вашето дете да му го исполните со интересни активности е една од најдобрите што можете да ја донесете. Оние деца кои учествуваат во вон-школски активности имаат многу социјални, физички и психолошки предности. Наместо поминување на слободното време пред телевизор или играјќи видео игри, родителите кои ги охрабруваат децата да учествуваат во активности надвор од домот само придонесуваат на нивниот позитивен развој.



Но, пред да одберете било каква активност за вашето дете треба да имате на ум неколку работи.
- Вашето дете веќе поминува поголем дел од денот во училиште па внимавајте да не го претрупате неговиот распоред.
- Осигурајте се дека детето ќе има доволно време за завршување на домашните задачи и за спиење.
- Охрабрете го детето да учествува во изборот на активноста која тоа мисли дека ќе му биде интересна. Детството е најубав период за истражување на различни интереси.


 

Физичка активност





Хобијата кои се состојат од физичка активност се одлични бидејки децата преку нив стекнуваат здрави навики и се во добра физичка форма. Спортските активности исто така ги учат децата на тимска и фер игра како и соработка и почит кон останатите. Изучувањето на боречки вештини е одлична активност која поврзува телото со умот, влијае на самодовербата и самопочитта и ги координира моторните функции.
 

Бразилската Џиу Џица е боречка вештина која е одлична за деца бидејќи ја зголемува самоконтролата, истрајноста, упорноста и издржливоста, позитивно влијание на физичкото и менталното здравје, воедно го намалува и нивото на стрес, го подобрува расположението, ја регулира телесна тежина, влијае на правилно дишење, правилен раст и развој и ги изучува принципите на самоодбрана.





Аикидото е исто така погодно за деца од 6 или 7 годишна возраст па нагоре. Како боречка вештина, аикидото се одликува со искористување на намерите и енергијата на противникот и по природа е ненасилна. Техниките се изведуваат со потполна рамнотежа на телото и смиреност на духот.Оваа вештина се состои од вежби за подобрување на моторните способности, задржување на вниманието, правилно дишење, градење на правилен личен однос и тимска работа.





Развивање на креативност



 

Доколку забележите дека вашето дете е понасочено кон креативни активности наместо спортски, училиштата за музикатанцувањеглумабалет или сликање се вистинскиот избор. Изучувањето на некој инструмент како гитара, пиано или виолина е докажано дека го зголемува капацитетот на меморијата на децата, го намалува стресот и ја зголемува нивната креативност.

 

Намалување на стрес





Со денешното интензивно темпо на живеење и нашите деца како и ние се изложени на стрес. Тие секојдневно се под притисок да бидат успешни во училиште и прифатени од околината. Затоа одбирање на активност во релаксирана средина е одличен метод за справување со стресот.

 

Тимска работа

 



Во текот на нашиот живот се учиме дека тимската работа е клучна. Затоа прифаќање на тој концепт уште од мали нозе е многу важно. Учествување во активности каде е потребна тимска работа го оттгнува фокусот на детето од самото себе и го учи на важна лекција за соработка со останатите членови.

 

Ако вашето дете не се пронајде во првата активност што ќе ја одбере - не го обесхрабрувајте, баш напротив мотивирајте го да проба различни активности за на крај да ја одбере таа што највеќе му одговара. Добро е за детето да има широк спектар на можности бидејќи само така ќе се пронајде себеси уште во раната возраст. 

 

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи