Визен режим за граѓаните на РМ
Виза не е потребна за следниве држави:
Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Италија, Израел, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Нов Зеланд, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Црна гора, Хрватска, Куба и Јапонија.
Во Србија, Албанија и Косово може да се влезе и со лична карта, не е потребана виза, ниту пасош.
За Грција не е потребна виза, на граничните премини се заверува документ за влез и излез од страна на грчките гранични службеници, кој се смета како виза.
* За влез во остантите држави потребна е виза. Во продолжение следуваат поконкретни информации за некои држави за кои е неопходна виза.
Потребни документи и надлежни органи за издавање на визи за Македонските граѓани:
АВСТРАЛИЈА
а) Виза се бара во Амбасадата во Белград, +381113303400
б) Стандардни документи и прилози потребни за виза:
• Пасош
• Копија од пасош
• 1Формулар
• 4 Фотографии
• Покана
• Ценовник за визи 50 еур. (СТБ)
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И СЕВЕРНА ИРСКА
а) Виза се бара во Амбасадата во Скопје, (02) 329 9299
б) Стандардни документи и прилози потребни за виза:
• Пасош
• Копија од пасош
• 1 Формулар
• 2 Фотографии
• Покана
• Патничко осигурување
• Резервација за повратен авио-билет
• Доказ за средства за престој
• Уплата за виза
• Хотелско сместување
• Потврда за работен однос
* среда и петок не се примаат барања. Ако се патува за САД не е потребна транзитна виза.
КИНА
а) Виза се бара во Амбасадата во Скопје (02) 3213 163
б) Стандардни документи и прилози потребни за виза:
• Пасош
• Копија од пасош
• 1 Формулар
• 1 Фотографија
• Покана
• Цена за 1 месец / 1 влез - 30$
КАНАДА
a) Виза се бара во Амбасадата во Белград, за приватни патувања, а за службените во Виена – доколку се транзитира преку Канада, дури и на меѓународниот аеродромски транзитен простор.
Виена +43 (0) 153183000
Белград +381113284924
б) Стандардни документи и прилози потребни за виза:
• Пасош
• Копија од пасош
• 1 Формулар
• 2 Фотографии
• Покана
• Цена за 1 влез - 48,5 еур./Мултивиза - 93,5 еур.
РУСИЈА
а) Виза се бара во Амбасадата во Скопје, (02) 3228 058
б) Стандардни документи и прилози потребни за виза:
• Пасош
• Копија од пасош
• 1 Формулар
• 4 Фотографии
• Покана
САД
а) Виза се бара во Амбасадата во Скопје (02) 3102 000
б) Стандардни документи и прилози потребни за виза:
• Пасош
• Копија од пасош
• Формулар
• Фотографија 5 х 5
• Покана
ЕГИПЕТ
а) Виза се бара во Амбасадата во Софија.
+359 29870215, +359 29881509
За туристички цели, со престој од 30 дена, визата се издава и на аеродром (на граничен премин)!
б) Стандардни прилози потребни за виза:
• Пасош (потпишан и со 6 месеци важност)
• Копија од пасош
• 1 Формулар
• 1 Фотографија
• повратна авио-карта
• Цена: бизнис 24$ / туристичка 16$