Совети и список за најефикасно летно чистење

Летото е период на расчистување, реновирање, подновување и можност за свеж старт во вашиот дом. Следниве неколку трикови ќе ви помогнат најбрзо и најефикасно да го исчистите домот со малку труд и време.

 

 

Направете список на обврските

 

Составете список за сите потребни препарати за чистење, домашни обврски и редослед на чистење. На овој начин ќе ви биде многу полесно да се организирате за најбрзо завршување на работата, а прецртувањето на завршените задачи ќе ви даде чувство на исполнетост во завршувањето на обврските. Доколку не сте во можност сами да го составите списокот, симнете го овој кој го подготвивме за вас и кој можете да го испечатите тука.

 

 

Набавете средства за чистење или пак направете свои со состојки кои ги имате дома

 

При набавката на средства за чистење имате две можности. Можете да набавите комерцијални средства кои можете да ги најдете тука, или пак да направите домашни средства за чистење. Домашните средства за чистење можат да се направат со само неколку состојки односно со алкохолен оцет, сода бикарбонат, сок од лимон и есенцијални масла. За помрсните површини како што е рерната можете да употребите 1:2 маслиново масло и сода бикарбонат. За бањата можете да употребите 1 чаша оцет : 1/4 чаша сода бикарбонат. Како општо средство за сите површини можете да употребите 1 дел алкохолен оцет со еден дел вода и неколку капки есенцијално масло.

 

 

Направете сезонско чистење на плакарите

 

Организирајте ги вашите плакари. Расчистете ги непотребните предмети и алишта кои се стари и повеќе не ги употребувате. Алиштата кои ви се непотребни можете да ги донирате во добротворни цели тука.

 

 

Реорганизирајте ги ситниците

 

Најдете креативни начини за организација на ситниците кои најчесто ги наоѓате низ полиците и фиоките во домот. Набавете пластични кутии во кои ќе можете да ги сместите и складирате вашата козметика, накит, аксесоари и слични елементи.

 

 

Исчистете ги килимите и прозорците

 

Темелно исчистете ги подните површини од целата нечистотија и прашина која што се собирала преку зимата. Набавете ја соодветната опрема за чистење на килимите и при тоа не заборавајте да го исчистите и подот. Со помош на соодветните средства исчистете ги прозорците низ целиот стан или куќа и не заборавајте да проветрите. 

Доколку сепак сте многу зафатени и ви е потребна помош при пролетното расчистување на домот не се колебајте да повикате лице кое може да ви помогне. Најдете сервиси за чистење тука.

Доколку пак сакате целосно да го подновите и освежите вашиот дом, најдете ги сите производи кои ви се потребни тука.

 

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи