3 совети за намалување на сметките за време на грејната сезона

Економичноста на греењето, односно заштедата во зима е еден од елементите кој им е особено важен на сите, па затоа во продолжение одвоивме неколку совети со кои можете да заштедите за време на грејната сезона.


 

1. Искористете ги попустите

 

Ова е нешто што треба да го земете во предвид пред да настапат студените денови. Пред започнувањето на грејната сезона, трговците на пазарот нудат широк спектар на производи на кои нудат попуст. Тука спаѓаат грејни тела, потрошен материјал и други производи чија понуда подетално можете да ја видите тука. Доколку сте се одлучиле за ново решение за греење, тогаш добро разгледајте го описот на производите, и информирајте се за попустот што се нуди. Обрнете внимание на скриените трошоци – некогаш производот изгледа евтино, но потребни се големи средства за негово одржување, материјал за греење, односно троши многу електрична енергија, а во некои случаи е обратно – потребно е да направите поголема почетна инвестиција која пак на долг рок ви носи заштеда. Добриот избор, за време на грејната сезона ќе ви донесе помали сметки.
 

 


 

2. Инвестирајте во квалитетна изолација

Колку е поквалитетна изолацијата во вашиот дом, толку помалку енергија ќе трошите на затоплување на просториите, а со тоа и ќе ги намалите сметките. Притоа, постојат неколку точки во домот на кои треба да им обрнете внимание. Прво, тука се прозорците – старите и неквалитетни прозорци може да резултираат со загуба на топлината и до 40%. За поголема енергетска ефикасност, набавете квалитетни прозорци по намалена цена. И за вратите важи истото како и за прозорците. Искористете го ова намалување и навремено погрижете се за да поставите квалитетна изолација, бидејќи студените денови се пред нас.

Запомнете, инвестицијата во квалитетна изолација ви носи заштеда не само за време на грејната сезона, туку и во летната. 
 



 

3. Одберете го најдоброто грејно решение за вашиот дом


Секако дека секој бара економично решение со кое ќе заштеди за време на грејната сезона. Она на што треба да обрнете внимание е кое решение, односно производ е најсоодветен за загревање на вашиот дом. Кога бирате производ, како што е клима уредкалориферкотел на пелети или радијатор потребно е добро да согледате какви се нивните карактеристики и да го земете во предвид просторот што сакате да го загреете со нив. На пример, инвертер клима уредите имаат понапредна технологија, се енергетски поефикасни во споредба со стандардните клима уреди, можат да работат дури и кога надворешната температура ќе опадне и до -15 степени, и со тоа се подобра инвестиција на долг рок.


Внимавајте и на следново – доколку одберете производ што не одговара на вашиот дом, подоцна ќе треба да изнаоѓате и дополнително решение за да го загреете домот.


Овој период има доста поволни понуди и намалувања што треба да ги искористите .

 


Екстра совети за пониски сметки и потопол дом


Со мала промена во секојдневните навики можете да направите голема промена во месечните сметки за електрична енергија. Ова се неколку работи што треба да ги применувате доколку сакате да заштедите:


- Искористете ја дневната светлина. Тргнете ги завесите од прозорците и дозволете сончевите зраци да продрат во вашиот дом.
- Намалете го термостатот за греење за неколку степени додека спиете или не сте дома. Нема да осетите драстична разлика во температурата, но разликата во сметката за греење ќе биде 5-10% помала.
- Доколку имате камин во собата кој не го користите најдете начин да го затворите просторот за да не ви бега топлината низ оџакот.
- Затворете го просторот околу лајсните на прозорците со силикон за да ја задржите топлината во внатрешноста на домот.
- Исчистете ги филтрите на клима уредите. Кога не се чисти трошат повеќе електрична енергија додека работат.
- Доколку се греете на дрва, искористете го шпоретот за подготовка на оброци. Не мора да готвите на електрична енергија.
- Ако готвите на електрична енергија ставете го капакот врз лонецот, времето на готвење дури и се преполовува (ова запомнете го како совет што ќе ви користи за било кој период од годината).

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи