ПРЕДНОСТИ НА ОПЛЕМЕНЕТА ИВЕРКА, ЛАМИНАТНА ИВЕРКА И ПЛАСТИФИЦИРАН МЕДИЈАПАН

 

 

 

Во постојаната потрага по најдоброто, најквалитетното и на изглед најпривлечното, се обидуваме да ги задоволиме и најспецифичните барања и идеи на секој поединец. Во склоп на останатиот дел од Вашето ентериерно уредување, нудиме широк асортиман на оплеменети иверки, високо сјајни иверки обложени со ламинатна ХПЛ фолија како и пластифициран медијапан со фолија во најразлични бои, декори и структура на површината.

 

 

.

 

 


Кој од овие три материјали е најдобар да се постави како вратичка?

 

 

Сепак, до вистинскиот одговор не постои прав пат, бидејќи секој материјал со одвојува со свои својства и предности.

 

 

1. Оплеменета иверка со меламинска фолија:

 

Оплеменетите иверки двострано се обложени со декоративна меламинска фолија и достапни се во повеќе стуктури на површината, голем избор на уни, дрвни и фантазиски декори, како и повеќе дебелини ( 8, 16, 18, 25, 38 мм). Одлично се вклопуваат во просторот, во совршена комбинација со декорите од нашата колекција на ламинатниот под.

Предности:

  • Голем избор на декори за секаков тип на мебел,
  • Комбинација на повеќе дебелини (8, 16, 18, 25, 38 мм),
  • Лесни за одржување,
  • Економична инвестиција.

 

 

 

2. Оплеменета иверка со ламинатна (ХПЛ) фолија:

 

Иверките двостано обложени со високо сјајна ХПЛ фолија (или, ламинатна фолија со дебелина од 0,8 мм), најдобро ги задоволуваат стандардите за квалитет. Отпорноста на удар и гребнатини, високата издржливост на топлина и влага, надополнети со сјајот кој истите го нудат, овозможуваат да го споите квалитетот со отменоста. Затоа овие плочи најчесто се поставуваат во кујните. Покрај, веќе оплеменетите табли, во истава група може да ги ставиме и ХПЛ фолиите кој дополнително може да ги залепите врз суровинска иверка или медијапан.

Предности:

  • Голем избор на декори за секаков тип на мебел,
  • Одлични за лица на мебел,
  • Лесни за одржување,
  • Дебелина на ХПЛ фолијата од 0,8 мм,
  • Отпорни на топлина до 150°С,
  • Површината на ХПЛ фолијата е непорозна.

 

 

 

 

3. Пластифициран 3Д медијапан:

 

3Д фолиите за медијапанско обложување достапни во две исклучителни колекции, уште повеќе излезе во пресрет на остварување на Вашата замисла и цел. Можноста за обликување и формирање на шари која ја нуди самиот медијапан како и непостоењето на кант-трака туку целосно обвиткување со фолијата претставува одличен одговор на променливите барања на пазарот. Најчесто употребувани како лица на мебелот, но и како работна површина на канцелариско биро, шанк, полици, криви и интересни форми во детските соби и многу повеќе.

Нашата извонредна понуда на разнолични декори, без сомнение, само ја зголемија и дополнија понудата на материјали кои можат да го збогатат просторот.

Предности:

  • Исклучително цврсто медијапанско јадро,
  • Можност за дополнителна обработка на медијапанот (надворешен радиус и внатрешна шара),
  • Голем избор на ПВЦ декоративни фолии со дебелини од 0,35, 0,4 и 0,5 мм,
  • Лесни за одржување,
  • Фолијата целосно ја обвиткува површината на медијапанското парче, пополнувајќи ја секоја шара и надворешен радиус,
  • Нема АБС кантирање,
  • Одлични за лица и работни поврини на бироа, полици и друго,
  • Добивате готов производ (без непотребен остаток).

 

 

 

Кога се ќе се собере, на располагање Ви стојат преку 250 декори и неограничен број на комбинации меѓу нив. Како и да е, иако одлуката при изборот на материјалите за уредување и не е така едноставна, сепак бидете сигурни дека и за Вашиот дом постои решение. Без разлика со кој материјал ќе се одлучите да го изработите Вашиот проект, Ви гарантираме квалитет, беспрекорност и убавина во секое катче од домот.

На крај, последна е Вашата одлука. Наше искуство е дека луѓето секогаш ја наоѓаат вистинската комбинација, без разлика дали е составена само од оплеменета иверка, или комбинација на квалитетите од трите материјала.

 

 

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи