Лудилото може да започне

Празници се ближат. Рекламите на Кока Кола започнаа да се вртат на ТВ, атмосферата полека станува празнична, па време е и вие да започнете да се подготвувате за Новата Година. 

 

 

 

 

Прва точка на списокот. Иако е рано да почнете да размислувате што ќе облечете, немојте повторно старите панталони или фустанот кој веќе на четири свадби сте го носеле. Во ЛТБ освен што има добри фармерки на попуст, имаат и попуст на попустот, што повеќе може да посакате?


Жени, ако сте расположени за екстра дотерување, на попуст најдете третман за слабеење, средување нокти, шминка и фризура, и неодолива насмевка.

Мажи, изненадете ја вашата поубава половина со подарок. Наместо црвенило на лицето од лутина што повторно сте заборавиле подарок, нека заблеска нејзиното лице од сјајот на накитот кој ќе и го подарите – заштедете со купон за попуст на накит тука.


Новогодишни пакетчиња, т.е. смоки, чоколадо, чоколадо, чоколадо... немојте повторно сами да ги склопувате. За дечињата одберете поклон играчки, купете ги на едно место и добијте си попуст

 

 

 

Месец декември е месец на прашањето „Каде за Нова Година?“, имајте спремен одговор на ова. Ние ви препорачуваме дома. Најдобро е, на топло сте, си имате пиење колку сакате, музика што ја сакате, дури не мора ни да готвите, нарачајте си кетеринг на попуст и обавезно од овие божиќни колачиња.


За екстра возбуда и нешто по кое ќе ја запомните оваа домашна забава, ви предлагаме да се снабдите со огномет, но претходно информирајте се како се ракува со него и бидете претпазливи.

 

Каде и да ја дочекате оваа Нова Година, не заборавајте да понесете со вас добро расположение! Среќни празници!

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи