Како да заштедите за нови прозорци во домот?

Еден од главните извори за загуба на топлина во домот се лошите прозорци. Многу домови сеуште имаат стари дрвени прозорци кои не дихтуваат и ја пропуштаат целата топлина надвор. Во последните години ПВЦ прозорците станаа навистина популарни и започнаа да се поставуваат во секој дом, пред сè поради поволната цена но и бројните погодности кои тие ги нудат. 


 

Предности на ПВЦ прозорците

 

ПВЦ материјалот е еден од најиздржливите материјали кои постојат. Откако еднаш ќе ги поставите ПВЦ прозорците многу веројатно е веќе да немате потреба да ги смените.

ПВЦ прозорците, за разлика од дрвените и алуминиумските, не избледуваат, не кородираат, не им се лупи бојата, нити пак може да изгнијат. Тие исто така се навистина лесни за одржување па покрај топлинска заштеда ќе ви заштедат и на време.
 


 

Овие прозорци освен што ја задржуваат топлината во домот се и добри звучни изолатори кои ќе го изолираат вашиот дом од надворешните звуци.

Можеби една од најголемите предности на ПВЦ прозорците е нивната поволна цена. Овие прозорци за разлика од дрвените или алуминиумските се најмалку со 20-30% пониска цена што ги прави подостапни за секое домаќинство.  



 

Заштедете на ПВЦ прозорци со купони за попуст


Иако ПВЦ прозорците имаат пониска цена од дрвените и алуминиумските, сепак промена на сите прозорци во домот е голема инвестиција. Затоа, заштедете преку користење на купони за попуст за ПВЦ столарија


Со купоните за попуст на ПВЦ прозорци заштедувате од 5% до дури 30% при првичната инвестиција, но заштедувате и на долг рок со намалени сметки за греење во есенскиот и зимскиот период.


Информирајте се повеќе за различните видови на ПВЦ прозорци кај фирмите специјализирани за оваа дејност.

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи