Како да ги намалите трошоците кои доаѓаат со новата учебна година?

Почетокот на учебната година има големо влијание врз сечиј семеен буџет. Иако најголемите трошоци се на самиот старт, во текот на годината ќе произлезат уште многу други работи кои ќе мора да ги купите. Заштедата на пари во овој период сигурно ви изгледа невозможна, но постојат неколку трикови со кои ќе успеете да го постигнете тоа. 


 


Добро разгледајте што имате дома

 

Секоја нова учебна година вашето дете доаѓа дома со нова листа на работи кои му се потребни. Многумина мислат дека сè ова треба да се купи, но во суштина голем дел од работите можат да се најдат низ фиоките во вашиот дом, особено ако имате постаро дете за кое минатата година сте купувале училишен прибор. Затоа пред да излезете на шопинг разгледајте убаво што од оваа листа имате дома, односно што нема да треба да купувате. 

 


 

Купувајте и информирајте се за производите онлајн
 

 

На пазарот има многу компании кои имаат голема понуда кога станува збор за училишна опрема. Наместо да шетате од продавница до продавница разгледајте и споредете ја нивната понуда онлајн и со тоа заштедете време и пари.  Голем дел од училишните материјали можете да ги купите и од дома. Во овој период многу компании имаат и попусти на своите производи, па искористете ги за да купите нов ранец или друга училишна опрема за вашето дете.

 

Заштедете на вон школските активности

 

Вон школските активности имаат голем број на предности за вашето дете. Преку нив тоа се развива, учи и се социјализира, но тие претставуваат екстра трошок. Откако вашето дете ќе се одлучи дали сака да усоврши некој странски јазик или можеби да се вклучи во некоја спортска активност не избрзувајте веднаш со уплатата на првата рата. Многу училишта за странски јазици како и спортски клубови нудат купони за попуст со кои можете дополнително да заштедите.



 

Училишни униформи


Училишните униформи наидуваат на големо одобрување кај многумина, бидејќи со нивното воведување не постои поделба кај децата според надворешниот изглед и не се прават разлики според социјалниот статус. Другата предност е што заштедувате на облека и немате нервози секое утро со вашето дете при избор што да носи дента во училиште.





Пазарете сами, без вашето дете



Нормално дека вашето дете ќе сака да учествува при купувањето на некои училишни материјали. Но, пазарење на цела листа материјали заедно со вашите деца може да ви предизвика главоболка и да резултира со купување на многу непотребни работи. Нашиот совет е повеќето од работите да ги купите без вашето дете за да можете да направите избор базиран на пониска сума, а не на пошарено и попривлечно пакување. 





Применете некои од овие совети и заштедите значителна сума од вашиот семеен буџет.

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи