Идеи за прослава на најлудата ноќ со кои може да заштедите

Прослава на новогодишната ноќ во домашна атмосфера, ресторан, ноќен клуб или некаде на патување? Опциите се бројни, а вие треба да го направите изборот по ваша желба и буџетот што ви стои на располагање. Ако со време почнете со организација, ќе заштедите многу на пари и нерви. Затоа во продолжение одвоивме неколку предлози за прослава, што можеби уште сега ќе ве инспирираат за избор на локација и понуда.

 

Домашна атмосфера

 

 

 

Оние кои повеќе сакаат да се соберат со друштвото во домашна атмосфера, на располагање имаат многу начини на кои можат дополнително да ја разубават вечерта.


Прво, секако ќе треба да го украсите просторот. Уште сега имате попуст на новогодишни украси што можете да ги искористите и да заштедите. Ако немате време да подготвувате храна, тогаш само снабдете се со многу пијачки и нарачајте си кетеринг со попуст. Бонус идеја за вечерта да ви помине во уште позабавна атмосфера: испробајте се со друштвото во караоке – микрофон може да си купите тука.


Обично поголемите забави завршуваат со големи нечистотии, па наместо да ја започнете новата година чистејќи од вчерашната забава, почастете се и викнете екипа за чистење, и тие даваат попуст.

 

Ресторани, кафулиња и ноќни клубови

 

 

Прослава во клубови, кафулиња и ресторани е одлична за оние што сакаат да слават во поголемо друштво. Постојат различни понуди, а сè зависи од вашиот личен вкус и цената што сте подготвени да ја платите. Добро разгледајте ги понудите и земете ја во предвид големината на друштвото со кое сакате да славите – сите кафе-барови и кафе-клубови најдете ги тука, рестораните тука и ноќните клубови тука.


За добро расположение, додека со друштвото ја планирате новогодишната прослава и ги разгледувате понудите, може да одите на ручек на морска храна, каде за 4ца добивате 20% попуст со овој купон.

Патувањa

 

Периодот околу Нова Година е одлична можност да отпатувате надвор од државата и да ја почувствувате празничната атмосфера на други места. Туристичките агенции нудат пакет аранжмани и попусти токму за овој период. Во моментов најинтересни се новогодишните понуди за РоманијаБанско, и за Србија, Бугарија, Австрија и Франција

 

Дотерајте се

 

 

За прославата на новогодишната ноќ сигурно ќе сакате да се подновите и да се дотерате. Добро информирајте се за попустите што можете да ги искористите и сега – не мора да чекате неколку денови пред прославата за да купите облека и накит. Тука можете да најдете попусти до 70%. Ноктите средете ги со гел-лак кој може да го најдете на 20% попуст тука.


И за крај, најбитно од сѐ е добро да се забавувате и убавиот помин да биде запомнет во вашето друштво.

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи