Дознајте повеќе за Бовнова терапија

 
БОВЕН техниката е нежна, но истовремено многу силна и моќна терапевтска техника која потекнува од Австралија, каде е признаена од страна на државното осигурување и бројни приватни здравствени осигурувања. Од јуни 2010 е вклучена и во здравствениот систем на Велика Британија. Покрај во Австралија и Велика Британија, терапијата има широка примена во многу држави во Европа, Северна Америка и Канада. Бовен терапијата е нежна, неинвазивна, холистичка и природна техника која речиси и да нема контраиндикации, и е одлична за сите возрасти и за многу болести и заболувања:
 
  • болки во грбот (сколиоза, остеоартритис, дископатија, ишијас, проблеми со вратот и сл.)
  • акутни и хронични проблеми со меките ткива (смрзнато рамо, тениски или голферски лакт, синдром на карпалниот тунел, миофасцијален синдром...)
  • акутни и хронични спортски повреди
  • разни видови главоболки и мигрени
  • проблеми во дишниот, дигестивниот, репродуктивниот и хормонскиот систем, како комплементарна метода
  • акутен и хроничен замор и стрес
  • проблеми со темпоромандибуларниот зглоб
  • како рехабилитационо средство по операции, долготраечки и исцрпувачки хронични болести
  • бовновата терапија е одлично превентивно средство кај луѓето од сите возрасти
  • колики кај доенчињата (стомачни грчеви кај бебињата)
  • аутизам, АСД, АДХД, Даунов синдром, Хиперактивност, Церебрална парализа, односно кај лица со развојни пореметувања
 
Уште цела низа други заболувања, кај кои се забележани одлични резултати со примената на оваа техника:
ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТ, МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА, СИНДРОМ НА ХРОНИЧЕН ЗАМОР, МИОФАСЦИЈАЛЕН СИНДРОМ,  СИНДРОМ НА ФИБРОМИЈАЛГИЈА  и др.
 
 
 
Бовен терапијата е мануелна техника која вклучува нежни движења/потези, наречени бовнови потези, но истовремено и многу моќна техника која испраќа невролошки импулси кон централниот нервен систем. ЦНС ги прима, обработува и интегрира импулсите, а потоа враќа соодветен одговор во облик на импулси, кои се одразуваат како одговор на телото во форма на различни механизми кои се манифестираат како намалување на тензијата, мускулна релаксација, подобрена циркулација на крв и лимфа, забрзан процес на регенерација и пред се хормонски баланс на организмот. Бовновите потези се изведуваат на точно одредени места од телото, на значајни точки, преку мускулите, тетивите, фасцијата, периферните нерви и некои акупунктурни точки. Третманот трае од 30-60 минути и се обработува целото тело, при што се изведуваат точно одредени потези, на точно одредени места, по точно одреден редослед, што ја прави оваа техника поразлична од сите останати мануелни терапии. Бовен терапијата се заснива на концептот да се постигне хомеостаза во организмот, односно баланс кој ќе поттикне активација на внатрешните механизми во телото со цел телото само да си помогне во решавањето на проблемот. Терапијата влијае како на соматско така и на психолошко ниво, што ја прави единствена и уникатна техника. Механизмите/органските системи преку кои техниката ги изразува своите ефекти се: мускули, фасција, автономен нервен систем, периферен нервен систем, кожа, акупунктурни точки и меридијани, проприоцепција и кранио-сакрално поврзување. 
 
 
Оваа техника ја нуди СТУДИО АЛТЕРНАТИВА -  студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација. 
Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од  допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почувствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот.
 
 Студио за масажи, мануелна терапија, кинезитерапија и едукација
 
 

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи