5 лесни велигденски декорации што ќе ви заштедат пари

 

 

 Поради брзиот начин на живот, главни фактори во декорирањето на домот пред секој голем празник е времето- кое секогаш ни недостасува и секако финансиите.

Одвоивме неколку велигденски декорации кои се вистински изум и вреди да ги направите  за претстојниот голем празник а воедно да заштедите на време и пари.

Трпезата ќе ви биде уникатна и забавна за комплетно уживање со семејството.

 

 

1.      Свежи моркови во комбинација со свежо цвеќе

 

 

Ова можеби е и нај уникатната декорација која носи свежина на трпезата и не одзема многу време ниту пак простор за складирање до следниот Велигден.

 

 

2.      Велигденски јајца во комбинација со свежо цвеќе

 

 

Брзо и едноставно решение. Велигденски јајца во комбинација со божур.  Нежно и природно. Никој не може да остане рамнодушен на оваа декорација.

 

 

3. Метална корпа наполнета со велигденски јајца и гибсофила.

 

 

Сигурно имате дома корпа која што не ја користите, фарбаните јајца внимателно ги поставувате во корпата и во средина декорирате со свежа гипсофила. Оваа декорација е за сечиј џеб.

 

 

3.      Украсни пластични јајца

 

Два начини да се декорира трпезата со пластични јајца. Првиот начин е во широка вазна (средна големина) да се постават шарените јајца и да се декорира со мини букет свежо цвеќе. Вториот начин е да се направат дупки од двете страни на јајцата и да се поврзат со декоративен конец. Формата во која ќе ги обликувате е по ваша желба.

 

 

4.      Пченична трева и јајца од препелица

 

 

Исфарбајте јајца од препелица и нежно поставете ги на тревата без да ја нагмечите. Нема да ви одземе време, трошокот  е мал а уживањето големо. Оваа декорација со сигурност ќе внесе свежина во вашиот дом.

 

 

5.      Платнени салфети и  јајце во вид на велигденско зајче

 

 

Особено за дечињата оваа декорација ќе внесе радост во домот.  Изненадете ги своите најблиски со велигденско зајче во секоја чинија.  Постапката е едноставна: платнената салфета преклопете  ја во форма на триаголник и потоа мотајте додека не добиете тенка лента. Јајцето ставете го во средината и преклопете ги краевите еден преку друг  за да добиете уши на зајче.

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи