5 едноставни вежби за подобрување на видот

 

Со секојдневна практика на овие вежби ќе забележите подобри резултати за само еден месец. Кога и да почуствувате замор на очите, направете ги овие вежби.

 

1.   Загрејте ги вашите очи. Протријте ги дланките една со друга додека не почуствувате топлина, а потоа ставете ги врз очите пет секунди. Повторете го ова три пати.

2.   Движете ги очите. Започнете со погледот нагоре, а потоа полека со погледот правете кружно движење во правец на стрелките на часовникот.
Повторете го ова 10 пати а потоа 10 пати во спротивна насока.

3.   Фокус. Земете еден молив и испружете ја раката. Очите нека ви се фокусураат на моливот. Потоа постепено доближувајте го моливот до вашиот нос и застанете на одприлика 15 сантиметри пред носот. Потоа полека движете го моливот назад додека целосно не ја испружите раката. Фокусот при овие движења треба да ви биде на моливот. Повторете ја оваа вежба 10 пати.

4.   Масирајте ги слепоочниците. Со користење на палецот во кружни движења масирајте ги слепоочниците во мали кругови.20 пати во една насока и обратно. Повторете го истото движење над средната точка на веѓите во челото, потоа под очите на двете страни на мостот на носот.


5.   Мини-дремка. Ставeте ја главата назад, затворете ги очите, и релаксирајте се 3 минути.

 

Доколку чувствувате нарушување или некакви промени во видот, закажете преглед за проверка на диоптерот. На следниот линк ке најдете дополнителни информации за очни ординации во Македонија.


 

 

 

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи