4 вида на чај и нивните бенефити за вашето здравје

Дали знаете каква улога имаат овие чаеви за подобрување на вашето здравје? Прочитајте подолу во текстот.Ги одбравме чаевите од брусница, босилек, цвет од тиква и лаванда како топ 4 чаеви за оваа сезона поради нивните лековити својства.

 

 

Чај од Брусница

 

  • Пиењето на чај од брусница помага да се спречи појава на рани на усната слузокожа и други орални болести како гингвит.
  • Овој здрав чај може да придонесе да ја намалите телесната тежина.
  • Бидејки има детокс својства овој чај помага црниот дроб, линфите и бубрезите да ги извршуваат своите својства правилно.
  • Исто така користи при лекување на рак особено рак на желудник и рак на дојка.
  • Има својство да го намали холестеролот во крвта и да го намали процентот на васкуларни заболувања.
  • Една од главните придобивки од чајот од брусница е спречување и лекување на инфекциите на уринарниот тракт.
 

Како се подготвува?

30 грама измиени брусници се ставаат во голем сад со вода, во водата се додаваат стапчиња од цимет и кафанфилче по ваш вкус. Веќе подготвениот сад се става да зоврие а потоа се намалува температурата, и се тивко се врие 30 минути. Се засладува по желба.

 

 

Чај од Босилек

 

  • Босилекот има својство на подобрување на меморијата и ги тонизира нервите.
  • Тој е многу корисен во отстранување на слуз од бронхите.
  • Кога се користи со мед и ѓумбир, чајот од босилек може ефективно да помогне при лекување на астма, бронхитис и други респираторни проблеми.

 

Како се подготвува?

Во шоља зовриена вода ставете прстофат суви лиестови босилек, поклопете и оставете да одстои 10 минути.

 

 

Чај од цвет од тиква

 

  • Цветот од тиква е богат со калциум и фосфор, затоа се препорачува да се конзумира свеж или како чај при нагло растење или при третирање остеопороза.
  • Богат е со витамин Ц и фолна киселина.
  • Го подобрува целосното здравје и го тонизира телото.

 

Како се подготвува?

Во шоља за чај ставете цветови од тиква и прелијте ги со зовриена вода. Поклопете ги и оставете да се натопат 15 минути. Пред да пиете од чајот прецедете го.

 

 

Чај од Лаванда 

 

  • Чајот од лаванда се користи насекаде низ светот и има повеќе моќни својства. Нанапред позната е по својството на релаксирање на нервниот систем односно како арома терапија.
  • Лавандата помага да се намалат респираторните проблеми, кашлицата, астмата, бронхитисот и температурата на телото и се користи за лекување на треска.
  • Помага при лекување на чиреви, рани и исекотини.

 

Како се подготвува?

1 супена лажица сув цвет од лаванда се прелева со 300 мл врела вода. Се остава да одстои 10 минути и потоа се пие.

 

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи