Радиус (100км)

Музејот на македонската борба се наоѓа во Скопје, Македонија, на левиот брег од реката Вардар.

Музејот бил изграден во периодот од 2008 до 2011 година, и официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Музејот бил официјално отворен од страна на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој во музејот го предал оригиналот од Декларацијата за независноста на Македонија, која е изложена во холот при самиот влез.

Самиот музеј се состои од тринаесет одделенија, и секое од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Во првата просторија е претставен раниот период на македонската борба, кога ајдутите сè уште немале дефинирано политичка платформа. Сите останати простории понатаму се поврзани хронолошки сè до периодот на комунизмот.

Во музејот се наоѓаат 109 восочни фигури од личности од македонската историја. Освен восочните фигури во музејот се наоѓа и поголем број примероци на оригинално оружје, оригинален мебел, масовни сцени, документи и други експонати.

Главен архитект при изградбата на музејот бил Зоран Јордановски.

Фото галерија

 БИЗНИС

Акциите на Атинската берза и денеска на раното тргување поевтинија за 4,5 проценти, влечени надолу од приближно 30-процентото уривање на котирањата на банките ...
сите 67 | | | веќе видена

Пад од 4,5 одсто бележат од утринава на акциите на Атинската берза , како последица на новата вредност на акциите на грчките банки, јавува Ројтерс. Акциите на ...
сите 14 | | | веќе видена

Американската рејтинг агенција "S&P" ја намали прогнозата на кредитниот рејтинг на Европската унија од "стабилен" на "негативен". Ваквиот рејтинг следеше ...
сите 13 | | | веќе видена

Битката за Европа ќе биде изгубена или освоена во Германија. Неодамна имаше денови, во кои изгледаше дека таа наскоро ќе биде изгубена. Сепак длабоко ...
сите 5 | | | веќе видена
next
Daily.MK

Логирај се на Златна Книга

Логираните корисници користат бенефити од купони за попуст, контакт со бизниси, листа на омилени места, коментари, оцени и друго.

Корисничко име:Лозинка:


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи